Монтреал гради мостови од рециклирани вински шишиња

- Advertisement -

Канадскиот град Монтреал до 2021 година ќе добие два мостa направени од рециклирани вински шишиња. Од градот тврдат дека овие мостови се први такви во светот, а дека за целиот проект ќе бидат искористени околу 70.000 вински шишиња. Двата мостови ќе се наоѓаат на Островот на калуѓерките.

Ова е фантастичен пример за иновативно размислување кога станува збор за рециклирањет, архитектурата и инженерингот. Монтреал веќе презема мерки за намалување на ефектите на климатските промени со интегрирање на прав од стаклени шишиња во тротоарите уште од 2011 година.

- Advertisement -

Етиен Кантен Белмар, главен дизајнер и инженер на проектот, вели дека инспирацијата за проектот ја добиле од истражување спроведено на Универзитетот Шербрук, кое се фокусира на „новиот стаклен бетон со ултра перформанси“. Идејата за проектот се родила во 2017 година, кога Белмар и неговите колеги почнале да размислуваат за интегрирање на правот од стаклени шишиња во поголеми размери, а мостот Дарвин на Островот на калуѓерките е нивниот пилот проект.
На тие 70.000 стакелни шишиња ќе им биде дадена втора шанса и ќе бидат помешани со 40.000 кг цемент. Двата мостови ќе содржат околу 10% рециклирано стакло, што не само што е добро за околината, туку е добро и за цврстината на мостовите.

Стаклениот прав ќе ја зголеми издржливоста на ветонот, односно отпорноста на мрзнење и отопоување, како и отпорноста на сол и мраз. Бетонот ќе биде и малку поцврст“ вели Белмар.

- Advertisement -

Еден од мостоивите ќе биде готов во текот на нaредните неколку недели, додека вториот ќе почне да се гради во април 2021 година, а ќе биде комплетиран за околу 6 месеци. Не само што мостовите се одржливи, туку ќе изгледаат убаво. Градежната фирма Provencher Roy работи на тоа проектот да изгледа фантастично со уникатни елементи.

(Interesting Enigneering)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -