Голема санта лед со големина од помала држава може да удри во британскиот остров Јужна Џорџија и да го поремети начинот на живеење на дивите животни кои живеат таму, како и да попречи на бродските рути. Сантата лед A-68A се одрони од глечерот Ларсен уште во јули 2017 година и има приближно иста големина како островот Јужна Џорџија, кон кој и се движи.
Ледениот брег е долг 150, а широк 48 км. За споредба, островот е долг 165 км, а широк 35 км. Кога глечерот во 2017 година одлута околу 1.400 км кон северното подрачје познато како „алеја на ледените санти“ беше долг околу 175 км и широк околу 50 км, односно беше поголем од Луксембург. Моментално е оддалечен од Јужна Џорџија околу 500 км, што и не е толку далеку со оглед на неговите димензии.
Научниците предупредуваат дека сантата е апсолутно голема, односно станува збор за најголемиот леден брег во Јужниот Океан. Додаваат и дека ледената санта плови по позната рута, како и многу други, но нејзината конечна дестинација, поради временски околности, морските струи и поради формите, многу тешко може да се предвиди.
Тоа патување на сантата лед трае веќе три години, што е подолго отколку што очекувале научниците. Експертите велат дека тој брег, кој е дебел само околу 200 метри, може да се распадне или да заврши на копно. Загрижени се и за можното влијание на ледениот брег врз островот Јужна Џорџија и тврдат дека кога ќе заврши на копно може значително да влијае на начинот на прехрана на тамошните грабливци затоа што, на пример, пингвините може да имаат проблем со пронаоѓањето храна.
(Zimo)
(фото: Pixabay)