Кога НАСА минатиот месец објави дека во соработка со Nokiа ќе гради 4G телекомуникациска мрежа на Месечината, многумина беа скептични. Но, НАСА ги објасни своите планови со желба Месечината да стане база за понатамошни вселенски истражувања.
Меѓутоа, со таквите планови не и се најзадоволни астрономите. Како што беше објавено во расправа објавена во The Conversation од страна на астрофизичарка од Универзитетот Манчестер, изградбата на таква мобилна мрежа на Месечината може да го попречи истражувањето на вселената.
„Пречките кои ги создава радиофреквенцијата се долгорочни непријатели на радиоастрономите“ напиша Александер. Таа предупредува и дека земјините радиотелескопи уште сега имаат проблеми со пречките кои ги предизвикуваат сигналите на мобилните телефони на Земјата. Новиот извор на такви сигнали на Месечината ќе го отежни проучувањето на вселената и барањето на послаби сигнали.
Неодамнешно истражување на влијанието на сателитите на Starlink во ниската Земјина орбита покажа дека радителескопите, поради пречките во радиофреквенцијата, ќе бидат 70% помалку осетливи на сигналите од вселената. И тоа под услов Starlink да нема повеќе од 6.400 сателити во орбитата.
(Zimo)
(фото: Pexels)