Јапонски град постави роботи-волци за да се спаси од мечките

- Advertisement -

Властите на јапонскиот град Такикаве се одлучиле на прилично необичен потег за да ги спречат се почестите посети на мечките кои се спуштаст во градот во потрага по храна.

Кога ќе слушнете за застрашувачките роботи-волци, кои испуштаат затсрашувачки звуци и им светат очите за да ги исплашат мечките, можеби ќе помислите дека станува збор за некакво сценарио за филм. Но, овде не станува збор за филм, туку за град кој се наоѓа на островот Хокаидо.

- Advertisement -

На ова радикално решение се одлучиле поради опасните ненајавени госит, а роботските волци барем засега се одлично решение.

Во последно време се забележуваат се повеќе мечки во населени области во Јапонија, а зголемен и бројот на напади годинава, во кои се убиени двајца. За тоа има повеќе причини – од проширувањето на градовите на подрачја во близина на шуми, уништувањето и сечењето на шумите, па се до недостатокот на јаткасти плодови и овошки со кои се хранат мечките и кои се многу битни во период пред хибернација и зимски сон.

- Advertisement -

Бидејќи има се помалку природни живеалишта и се помалку хран за мечките, мечките мора да се приближуваат до населените места во потрага по храна. Така, лани се забележани дури 157 напади на луѓе.

Што се однесува на ситуацијата во Такикави, од неодамнешното поставување на роботите волци не е забележана ниедна посета на мечките. Роботите изгледаат како вистински волци, какви во минатото живееле на тоа подрачје, но биле истребени со ловото. Освен што имаат детектори на движење и може да ја движат главата и да испуштаат роботски звуци, можат дури и да завиваат како волци.

- Advertisement -

Во Такикави досега се поставени два такви роботи, а за нив има интерес и на други населени подрачја во Јапонија каде што мечките се чести гости и компанијата која ги произведува, Ohta Seiki, досега има продадено околу 70 роботи.

(Zimo)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -