Шефот на Светската програма за храна, Дејвид Висли, изјави дека Нобеловата награда за мир ја довела агенцијата во центарот на вниманието и и ивозможија да ги предупреди светските лидеи дека наредната година ќе биде полоша од 2020 година и дека во 2021 година ќе дојде до глад од библиски размери.
Бизли изјави за Associated Press дека норвешкиот Нобелов комитет ја зел предвид секојдневната работа на неговата агенција на плетот на судирите, природните катастрофи и камповите за бегалци, при што вработените често ризикуваат животи за да нахранат гладни луѓе, но и дека постои желба да се изпрати порака до светот дека ситуацијата станува се полоша и дека најтешката работа допрва доаѓа.
„Тоа се случи во вистински моментт затоа што се боревме да се слушне нашиот глас“ изјави Бизли на доделувањето на наградите и додаде дека тешко е да се сврти глобалното внимание на фарсата која се случува ширум светот бидејќи со вестите доминираат американските избори и пандемијата.
Нобеловата награда ја нарече подарок од небото. Бизли потсети на своето предупредување до Советот за безбедност на ОН во април годинав дека светот, покрај пандемијата на корона вирусот, се наоѓа на работ на пандемија на глад, која може да доведе до глад од библиски размери во рок од неколку месеци ако веднаш не се преземе нешто.
„Тоа успеавме да го избегнеме во 2020 година затоа што светските лидери одговорија со пари, пакети помош, одложување на отплатата на долговите“ додаде Бизли.
Според него, парите кои биле на располагање во 2020 година нема да бидат на располагање во 2021 година.
(Beta)
(фото: Wikimedia)