На 26 ноември ќе се одржи 6 FMCG Summit 2020, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
Станува збор за најголемиот трговски настан во Македонија, кој едуцира, информира и ги обединува професионалците од секторот. Самитот се одржува еднаш годишно и секоја година има над 350 посетители. Годинава истиот ќе се одржи онлајн и ќе може да се следи бесплатно само на 26 ноември.
Ексклузивен гостин – говорник е д-р Надја Жексембаева, бизнис сопственик, едукатор, говорник и автор, жената нареченa „гуру за реинвенција“ и „кралица на повторното откривање“.
Говорници се:
– Антонио Зрилиќ, експерт за Supply Chain и логистика и основач на компанијата „Логико“
-Кина Демирел, директор за маркетинг комуникација и CRM во Migros Ticaret A.Ş.
–Иван Крушковиќ, SEFF Commercial Leader Adriatic’s во „Нилсен“
–Митка Мојсовска, финансов директoр на “КОЛА” Скопје
–Ана Јелачиќ, партнер и сениор фасилитатор DesignThinkers Academy Adriatic
-Петар Ќорлука, сопственик на “Виолета“, БиХ
–Јелена Кнежевиќ Влаховиќ, консултант и поранешен директор за набавка во Mercator S и Delhaize
–Поликарп Арсеновски, основач и генерален менаџер на THRIVITY
–Филип Станковиќ, научник за карактеризација на производи, Сектор за истражување и развој на Филип Морис Интернешнал, Нојшател Швајцарија.
Пријавете се БЕСПЛАТНО на следниов линк http://fmcg-summit.mk/#service