- Advertisement -
Интервјуто со проф. д-р Димитринка Јорданова Пешевска, шеф на Катедрата по Психологија при УАКС, единствената со целосни студиски програми на англиски јазик во земјата за додипломски и постдипломски студии. Мастер #наАмерикан
Кои се најважните причини да се запише некој на УАКС?
- Advertisement -
- 78% од студентите на УАКС се вработени по завршувањето на студиите.
- Создаваме професионалци кои се способни да се справат со современите предизвици во различните области на психологијата, особено оние поврзани со здравството, образованието и бизнисот.
- Овозможуваме образование кое им нуди можност на студентите по психологија пристап до најновите истражувања и технологии.
- Поттикнуваме развој на креативност и формирање на критичко и независно размислување кај студентите преку интерактивниот пристап во едукацијата.
- УАКС им овозможува на студентите по психологија пристап до најдобрите образовни практики од европскиот и американскиот образовен систем.
- Студентите по психологија се вклучени во бројни меѓународни проекти и активности, во соработка со значајни универзитети од Европа и светот и меѓународни организации.
Какви програми, акредитации, предности и особености нуди Вашиот Факултет?
- Нудиме курсеви и академски програми кои се внимателно дизајнирани за да им овозможат на студентите да се стекнат со знаења и вештини за некои од најважните прашања на модерната психологија.
- Нашите студенти по психологија имаат имаат можност да учествуваат на Еразмус + европската програма за мобилност и да поминат семестар на студии на некој од нашите партнерски универзитети во Европа.
- УАКС нуди академски содржини кои претставуваат исклучителна комбинација на теоретски и практични знаења, како и пристап до знаења засновани на докази.
- Студентите по психологија имаат можност да бидат дел од креативната академска средина која претставува комбинација од врвни професори, водечки експерти во различни области на психологијата и визитинг професори од повеќе престижни универзитети од Европа и светот.
Што значи магистрирањето на УАКС и што можат понатаму студентите, со стекнатата диплома и знаење?
- УАКС е единствениот меѓународно акредитиран универзитет во Република Северна Македонија.
- Студентите по психологија стекнуваат знаења и усвојуват интелектуални и професионални вештини кои им овозможуваат компетентност на пазарот на трудот и можност за вработување во здравствени, образовни, социјални установи и бизнис компании.
- Универзитетот гради доживотни вештини за иницијатива, лидерство и критичко мислење кај студентите по психологија, со што овозможува полесен пристап до посакуваните работни места.
- Студентите по психологија ги создаваат првите професионални контакти на универзитетот преку Деловниот совет на УАКС во најзначајните институции и компании и имаат можност да ја остварат својата кариера во национални установи и во меѓународни организации и компании.
- Студентите на УАКС по психологија стекнуваат професионални квалификации и со успех продолжуваат на постдипломски и докторски студии на престижни универзитети во странство.
- Advertisement -