Јапонци создадоа робот кој ги детектира купувачите кои не носат заштитни маски

- Advertisement -

Јапонците отидоа чекор понапред во спречувањето на ширењето на на корона вирусот. Во една продавница поставија робот кој ги детектира купувачите кои не носат заштитни маски. Роботот може да се движи по продавницата и на купувачите да им ги нуди своите услуги, како што е помош со пронаоѓање некој производ, а може да се погрижи и да се одржува физичко растојание меѓу купувачите, велат од Меѓународниот институт за напредни истражувања во телекомуникациите.

Како што пренесува Reuters, роботот има вградена камера со која се детектира несоодветното однесување како што е неносењето маска или непочитувањето на социјалното дистанцирање. Ако открие такво однесување, роботот ќе му пријде на купувачот и ќе го предупреди.

- Advertisement -

Со околу 120.000 пријавени случаи на заразени од корона вирус и околу 2.000 починати, Јапонија ја преброди пандемијата многу подобро од многу други земји, а луѓето главно се придржуваа на мерките и носеа заштитни маски. Но, после повторното избивање на корона вирусот властите повторно ја повикуваат јавноста да се придржува до епидемиолошките мерки, особено во зимскиот период, кога повеќе време поминуваат во затворено.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Newsadvance screenshot)

Сподели!
- Advertisement -