Цената на биткоин идната година може да се искачи на 300.000 долари

- Advertisement -

Се сеќавате пред неколку години кога сите зборуваа дека мора да тргуваат со биткоин. Тоа можеби и е точно ако му се верува на последниот извештај кој протече во јавноста. Според извештајот, цената на оваа криптовалута ќе достигне нови невидени висини идната година.

Аналитичката куќа Citibank од Волстрит предвидува дека цената на биткоин до крајот на идната година може да се покачи на 300.000 долари. Тоа се добри вести ако сте успеале да набавите биткоин кога неговата вредност беше помала од 5.000 долари.

- Advertisement -

Предвидувањето доаѓа откако Биткоин само во последниот месец ја зголеми вредноста од 10.000 на 18.000 долари. Криптовалутата моментално ја има најголемата вредност од 2017 година досега, кога вредеше 20.000 долари, пред да почне да паѓа наредните неколку години.

Освен Bitcoin, расте вреднoста и на другите криптовалути, и тоа за 10%-25% во текот на изминатата недела. Во извештајот, наречен „Биткоин: златото на 21 век“ (‘Bitcoin: The 21st Century Gold’), се вели: „Постоењето на биткоин се карактеризира со незамисливи подеми проследени со болни корекции (така се одржува долгорочен тренд)“.

- Advertisement -

Вредноста на биткоин се очекува да го достигне максимумот во декември 2021 година, кога ќе се искачи на 318.000 долари.

(Unilad Tech)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -