National Geographic состави листа со најдобрите дестинации за 2021 година

- Advertisement -

Плановите за крајот на годината на сите нас се изменија поради корона вирусот, па тоа е случај и со годишните листи со дестинации за патување кои ги објавија National Geographic и Lonely Planet.

Листите со најдобрите дестинации за 2021 година всушност се инспирација за идните авантури. Листата „Best of the World 2021“ на National Geographic нуди 25 дестинации во пет различни категории (одржливост, семејство, природа, авантура и култура), избрани од страна на меѓународни тимови на уредникот со назив „Сонувај сега, оди подоцна“.

- Advertisement -

Категоријата одржливост слави шест најдобри дестинации во Европа, Африка и во САД. Меѓу нив е островот Алонизос, на кој неодамна беше отворен првиот подводен мусеј во Грција, каде што посетителите можат да ги видат и остатоците на брод стар 2.500 години. Потоа следува Нова Каледонија во Франција со својот морски парк со големина од 1,3 милиони квадратни километри.

Вселенскиот брег на Флорида е препорачан во категоријата семејни патувања, како и речиси завршената Крајбрежна патека во Англија, најдолгиот уреден и обележан крајбрежен пат во светот, долг 4.500 километри.

- Advertisement -

Во категоријата авантури се наоѓа националниот парк Катмаи на Алјаска, како и историската област Сванети на северот на Грузија, типичен планински крај кој овозможува шетање по преубавата природа и планинарење. Симболот на Сванети се средновековните камени кули, кои се начичкани по селата.

Во категоријата природа/дивина се најде Ајл Ројал, ненаселен остров во САД, кој припаѓа на државата Мичиген. Потоа канадскиот крад Јелоунајф, познат по спектакуларната поларна светлина и островот Лорд Наув во Австралија.

- Advertisement -

Во категоријата култура се наоѓа Гуам, американска територија во Тихиот Океан, која имаше стратешка улога во Втората светска војна и Гјеногју, древна престолнина во Јужна Кореја, која е полна со артефакти и е позната и како музеј без ѕидови.

Во продолжение можете да ја погледнете целосната листа „Best of the World 2021“ на National Geographic :

Одржливост:

-Алонизос, Грција

-Копенхаген, Данска

-Нова Каледонија, Франција

-Фрајбург, Герамнија

-Габон, централна Африка

-Денвер, Колорадо

Семејство:

-Крајбрежна патека, Англија

-Трансилванија, Романија

-Вселенски брег, Флорида

-Хортобаг, Унгарија

-Британска Колумбија, Канада

Авантура:

-Сванети, Грузија

-Национален парк Лос Гласиарес, Аргентина

-Национален парк и резерват Катмаи, Алјаска

Природа/Дивина:

-Ајл Ројал, Мичиген

-Јелоунајф, Канада

-Сераду, Бразил

-остров Лорд Наув, Австралија

Култура/Историја:

-Гуам

-Ново Мексико

-Викторија, Алава, Баскија, Шпанија

-Гјеонгју, Јужна Кореја

-Тулса, Оклахома

-Тонглу, провинција Џеџанг, Кина

(Bizlife)

(фото: National Geographic screenshot)

Сподели!
- Advertisement -