Во Сингапур родено дете со антитела на КОВИД-19

- Advertisement -

Доктори од Сингапур објавија дека една нивна пациентка родила здраво дете кое од самото раѓање има натитела против корона вирусот. Како што пренесува Reuters, жената од Сингапур бола болна од КОВИД-19 во март годинава, кога била бремена, а бебето се родило во ноември. Ни мајката ни детето во тој момент не биле заразени со корона вирусот, но докторите откриле дека детето во себе веќе има антитела на КОВИД-19 кои го штитат.

Докторите веруваат дека во текот на бременоста мајка му му ги пренела своите антитела. Досега нема забележано дете родено во текот на пандемијата да има антитела на КОВИД-19. Од светската здравствена организација предупредуваат дека уште нема доволно докази за тоа дали мајката може во текот на бременсота да го пренесе вирусот на детето. Досега не се пронајдени траги од вирусот во мајчино млеко или во продова вода.

- Advertisement -

Она што е многу битно е да се утврди колку долго остануваат телата во телото ан бебето и во која количина можат да го штитат од болеста, но и како воопшто дошло до пренос на тие антитела. Засега доктори од Кина утврдија дека нивото на антителата против КОВИД-19 кои се утврдени кај новороденчето брзо се намалува, но не и колку брзо, односно во кој рок ќе ги снема.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -