Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,57% во однос на малопродажните цени утврдени согласно одлуката од 23.11.2020 година.
„Одлуката за зголемување на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени на суровата нафта и нафтените продукти. Растот на светските берзи на референтните цени на суровата нафта и нафтените деривати се должи поради неколку фактори и тоа: оптимизмот што ја предизвика информацијата за почеток на масовно вакцинирање, враќањето во нормала на индустрискиот сектор во Европа, што пак предизвикува зголемување на побарувачката, а од друга страна го имаме третиот фактор а тоа е недефинираната идна стратегија за производство кај земјите на ОПЕК и коалицијата, што резултира со намалување на залихите од сурова нафта од почетокот на пандемијата.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Со денешната одлука малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,020 ден/кг.
Од 1.12.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 60,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 62,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 28,501 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи бележат зголемување: бензинот за 7,367%, дизелот за 8,449%, екстра лесното масло има зголемување во просек за 8,569 % и кај мазутот од 6,026%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,323%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.12.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 23.11.2020), се дадени во следната табела:
Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95
Еуродизел (ЕУР) | ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР) | |
Северна Македонија | 0,860 | 0,982 |
Австрија | 1.021 | 1,063 |
Бугарија | 0,928 | 0,933 |
Хрватска | 1,141 | 1,187 |
Германија | 1,071 | 1,263 |
Грција | 1,131 | 1,415 |
Италија | 1,264 | 1,393 |
Унгарија | 1,036 | 0,995 |
Словенија | 1,013 | 0,966 |