Ова е суштината на Гарантниот фонд кој е дел од четвртиот пакет антикризни мерки, кој ќе се воведе со измени на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот кои ги усвои Владата и ќе ги достави до Собранието.
Средствата на Гарантниот фонд е предвидено да се користат за издавање гаранции за обезбедување на плаќања по основ на главнина на новоодобрени кредити за обртни средства до 80 отсто од кредитот и за основни средства до половина од вредноста на кредитот. Ова е во согласност со добрите практики во европските земји.
Крајни корисници на гаранциите може да бидат микро, мали и средни трговци, како и големи извозно-ориентирани трговски друштва во кои приходите по основ на извоз имаат учество од најмалку 30 отсто во вкупните остварени приходи во претходната фискална година.
-За работењето на Гарантниот фонд, Развојна банка ќе објавува податоци на својата веб страна на квартална основа, а Министерството за финансии на својата веб страна ќе објавува полугодишни извештаи за фискалните ризици на Гарантниот фонд, појасни Развојната банка.