SpaceX направи вистинска револуција во приватизацијата на летовите во вселената, но сега се појави стартап чија идеја е да го направи следниот исчекор во испраќањето опрема во вселената. SpaceX доби сериозна конкуренција во освојувањето на вселената затоа што американскиот стартап Aevum само што го претстави својот проект за беспилотен дрон, кој е дизајниран во лет са испалува ракети кои потоа испраќаат мали сателити во Земјината орбита.
Проектот се вика Ravn X Autonomous Launch Vehicle и е првиот кој нема да има потреба од лансирна рампа за да ја испрати опремата во вселената. Ravn X е осмислен да може да испраќа сателити секои два и пол часа, што е многу почесто од која било од моментално достапните опции на пазарот, меѓу кои и SpaceX.
Обликот на Ravn X наликува на обичен авион и дронот всушност ќе лета како авион од обична писта и без потреба за скапа инфраструктура како што е лансирачка рампа и придружни објекти. Дронот е долг 24,3 метри и има распон на крилата од 18,3 метри, а висок е 5,4 метри. Тежи 25 тони и кога ќе се соберат сите тие статистики, Ravn X е најголемиот дрон кој кога било е направен.
Кога Ravn X ќе стигне до соодветното место и соодветната висина, ја испушта ракетата која носи товар од најмногу 100 кг во ниската орбита околу Земјата. После испораката на товарот дронот се враќа на Земјата и оди во хангар. Она што е најбитно е дека сето тоа ќе го прави автоматски и автономно.
Седиштетото на компанијата Aevum е во Алабама, а компанијата наводно добила и договор со американската влада вреден милијарда долари. Основана е во 2016 година и моментално има 180 вработени. Досега соработувале со НАСА, Boeing и со компанијата Firefly Aerospace, а првото лансирање во орбитата го планираат за идната година.
(Sputnik)
(фото: Vimeo screenshot)