Паметна кацига ги предупредува рударите и градежните работници да држат растојание

- Advertisement -

Заштитните кациги се користат во повеќе индустрии, а посебно се битни за градежните работници. Сега се појави паметна кацига која има повеќекратна функција. Дизајнот на кацигата се нема сменето откако се појавија во 1919 година, но сега значителен чекор напред направи канадската компанија за комуникација Jannatec Technologies.

Jannatec ја дизајнираше кацигата ENSO SmartHelmet, која ја унапредува безбедноста на корисниците и е опремена со камери, телефонска линија, осветлување и систем за следење на контакти, што е многу корисно во време на пандемија на корона вирусот.

- Advertisement -

ENSO SmartHelmet е како мобилен телефон кој се носи на главата, велат од Jannatec. Оваа кацига ја подобрува комуникацијата и нуди различни услуги, а може да функционира длабоко под површината и на рударите да им овозможи подобро да гледаат благодарение на ЛЕД осветлувањето под агол од 360 степени.

Исто така, овозможено радиофреквенција идентификација, а поседува и систем за следење на контакти, биометриски систем, можност за фотографирање и снимање видеа и уште многу други работи. Сензорот за детектирање контакти е унапреден поради пандемијата на корона вирусот, а кога дистанцијата ќе се намали под два метри, ЛЕД осветлувањето целосно се пали во знак на предупредување.

- Advertisement -

SmartHelmet чини најмалку 78 долари.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Jannatec screenshot)

Сподели!
- Advertisement -