Радован Витошевиќ е добитник на наградата за Менаџер на годината до 40 години

- Advertisement -

На овогодинешното издание на Мажи на годината за 2020 година, кое се одржа на 28 ноември, наградата за Менаџер на годината до 40 години замина во рацете на Радован Витошевиќ, генерален и регионален директор на myWorld во четири држави, Македонија, Бугарија, Албанија и Косово.

“Чест и задоволство ми е што оваа година сум добитник на едно вакво признание, кое за мене претставува препознавање на целиот труд кој го вложувам, не само изминатата година, туку и годините пред тоа. Ова признание е мотив и поттик дека сум на прав пат и дека треба да продолжам да го правам ова на исто и подобро ниво.” – изјави Радован Витошевиќ.

- Advertisement -

Радован Витошевиќ кој не само што е успешен во бизнисот, тој успеа неговата книга “Будење на свеста” или “Awakening Consciousness ”да ја направи бестселер за 2020 година и да ја пробие на светскиот пазар пласирајќи ја на светски познатите платформи за онлајн продажба како Амазон, myWorld, Kindle, и многу други.

Кратко инфо за Радован Витошевиќ

- Advertisement -

•       Регионален директор за myWorld за државите Македонија, Бугарија, Албанија и Косово

•       Менаџер на годината до 40 година прогласен од Мажи на Годината 2020

- Advertisement -

•       Автор на најпопуларната книга за личен развој во 2020 година „Будење на свеста” или „Awakening Consciousness”

•       Борис Трајковски стипендист на Шефилд Универзитетот за магистерски студии (Executive Master of Business and Administration).

•       Стипендист на докторски студии на Key West University of Florida, USA во областа DBA (doctor of business and administration) кое е највисок степен на образование во областа на бизнисот, финансирано од Московски Универзитете за Финансии и Право (Московский финансово-юридический университет).

За повеќе информации за Радован Витошевиќ можете да прочитате на https://www.radovanvitosevic.com/

Сподели!
- Advertisement -