Нова веб платформа на 5+ за неформално учење и забава

- Advertisement -

ОХО креираше нова веб платформа www.5plus.mk – за неформално е-учење, забава и квалитетно време поминато во дигиталниот простор.

Веб платформата содржи избор од интерактивни едукативни содржини и активности на македонски и албански јазик кои помагаат за развој на основните логички операции кај децата и ја поттикнуваат нивната креативност.

- Advertisement -

www.5plus.mk е креирана на тој начин да ги собере на куп речиси сите содржини продуцирани во рамки на долгогодишниот проект 5+. Корисниците на веб платформата, меѓу кои најмногу децата, имаат можност да ги гледаат сите епизоди од изминатите сезони на ТВ серијата 5+ Фамилија, да ги играат игрите со Петко, да ги читаат сите е-сликовници, како и да ги слушаат своите омилените песни од 5+ Бенд.

Меѓу другото, веб платформата 5+ претставува прва помошна алатка и водич за родителите и наставниците при нивното грижливо насочување на децата и учениците низ образовниот процес, особено низ транзицијата на дигитално учење со која се соочуваме.

- Advertisement -

 “По затворањето на училиштата за време на пандемијата, наставата и учењето се преселија речиси целосно на Интернет. Свесни за предизвиците со кои се соочуваат учениците и наставниците, се потрудивме да обезбедиме и да понудиме низа решенија за неформално и бесплатно е-учење. Ја продуциравме програмата ТВ Училница на МРТВ како иновативен модел на редовна телевизиска настава со динамичен распоред на часови и предавања со наставници. Сега новата веб платформа 5+ обезбедува неформално образование, содржини за забава и квалитетно време поминато во дигиталниот простор. Меѓу другото, новата страница е редизајнирана и ребрендирана, има поедноставен дизајн, подобрена функционалност и јасна содржина што ја прави едноставна за користење“, велат од ОХО Продукција.

5+ низ годините прерасна во образовна иницијатива што со своите содржини и продукти, како што се ТВ серијата 5+ Фамилија, ТВ Училница и мобилната апликација Учиме низ игра, обезбедува континуирана поддршка во неформалното образование и промовира позитивни вредности.

Сподели!
- Advertisement -