Израел донираше техничка опрема за основно училиште во Кичево

- Advertisement -

Денес во 11 часот во основното училиште Кузман Јосифовски Питу во Кичево беше свечено отворена  “Иновативна Израелска училница” со поддршка на Министерство за надворешни работи на Израел и израелскиот амбасадор Дан Оријан. Донацијата вклучува техничка опрема од 3Д принтер, принтери, паметни табли со проектори и лаптопи за училиштето. Заедно со опремата донирана е и специјална илустартивна изложба наречена “Hi – Tech entrepreneurship” од “Shirat Enterprises Ltd” – Израел, каде низ илустрации и кратки коментари се прикажани и опишани примери за иновации и претприемништво.

Амбасадорот Дан Оријан истакна колку е важно да се вложува во образованието и иновациите во нашата земја и дека Израел ќе продолжи со развивање на партнерството со Македонија во различни сегменти. Нашето минато е заедничко и ќе продолжиме да го негуваме во иднина и ќе работиме како партнери на многу проекти.

- Advertisement -

Со оваа донација училиштето доби статус на единствено основно училиште во земјава што поседува 3Д принтер и учениците ќе имаат можност и пристап до подобра техничка опрема за следење на наставата.

На настанот поздравно обраќање имаа и претставникот од опшина Кичево задолжен за образование Емин Насуфи и директорот на училиштето Драган Андрески. И двајцата се заблагодарија на донацијата и истакнаа дека оваа донација ќе го зголеми квалитетот на наставата во ова училиште и ќе помогне да фати чекор со современиот и дигиталниот свет.

- Advertisement -

Координатор и иницијатор на проектот Маја Сталеска – Алумни на програмата на МашавИзраелска агенција за интернационален развој и соработка, изрази огромна благодарност до Израелскиот Амбасадор Дан Оријан за поддршката и партнерството и посочи дека е многу важно да се грижиме за помалите заедници и секој на свој начин да придонесуваме за поголем развој и унапредување на животот на сите поединци, особено најмладите.

Сподели!
- Advertisement -