Ocean Sneakers се патики направени од пластичен отпад собран од океаните

- Advertisement -

Компанијата Koko Designs се занимава со производство на одржливи продукти и ја покрена иницијативата Ocean Tribe со цел да се намали пластичниот отпад од окдеаните и да се пренамени фрлената пластика.

Нивните патики Ocean Sneakers се направени од сертифициран рециклиран полиестер. Ѓонот на патиките е направен од природен латекс, додека врвците се направени од органски памук.

- Advertisement -

Патиките се унисекс, односно и за машки и за женски. главниот материјал од кој се направени е добиен од 12 пластични шишиња за еден пар. Патиките се вегански и се одобрени од PETA.

Моментално е во тек кампања за групно финансирање на платформата Indiegogo.

- Advertisement -

(Indiegogo)

(фото: Kickstarter screenshot)

Сподели!
- Advertisement -