Данска деновиве ја смени законската дефиниција за силување. Имено, повеќе не е потребно силувачот да примени каква било присила, било физичка или морална за нешто да се смета за силување. Доволно е другата страна да не се согласи на тоа и секој таков полов акт ќе се смета за силување. Доволно е и другата страна да ја повлече својата согласност и од тој момент половиот однос станува силување.
„Не“ станува „не“ во кој било момент, во која било прилика. Доволно е да изостане свесно „да“, односно личноста да спие, да е во алкохолизирана состојба или едноставно да е затечена од ситуацијата, преплашена, збунета до таа мера да не знае што и како да каже. Со самото тоа кој било полов акт со друга личност станува канзено дело силување.
Вреден за копирање е и новиот фински закон со кој задолжителното образование се продолжува до 18 години живот и се дотогаш е бесплатно. Финска не се потпира на богаташи кои стипендираат ни на богатите, односно амбициозни родители, туку на социјалната солидарност. Така се создаде систем кој не се базира на натпреварување меѓу учениците, кое во Јапонија доведува до асмоубиства на многу ученици, а на Запад учениците кои не се толку успешни добиваат етикета на губитници, туку се поттикнува соработката меѓу учениците. Така, не се вреднува апсолутниот успех, туку напредокот, волјата за подобрување и критериумите се прилагодуваат според способностите на учениците.
(буka.com)
(фото: Feminine Collective)