Volkswagen развива роботи за полнење на батериите на електричните автомобили

- Advertisement -

Како што расте популарноста на електричните возила така ширум светот се зголемува бројот на станици за полнење. Едно од решенијата за брзо и лесно да може да се зголеми бројот на такви станици е да се модифицираат уличните светла околу паркинзите и на нив да се инсталираат полначи. Но, автомобилските и тенолошките компании развиваат други решенија со кои закаат да го зголемат бројот на сопственици на електрични возила.

Едно од таквите решенија го најави Volkswagen. Станува збор за роботи кои во подземните гаражи или на паркинзите ќе донесат и ќе спојат мобилнии полначи и така ќе ги полнат батериите на паркираните возила додека сопствениците се на работа, на шопинг, на состанок итн. Вчера германскиот производител на автомобили објави видео од прототипот на тие роботи и го прикажа начинот на кој работи тој прототип.

- Advertisement -

Откако сопствениците на електричен автмобил ќе го паркираат автомобилот, преку апликација ќе го повикаат роботот, кој ќе земе мобилна батерија и ќе отиде до автомобилот. Ќе го спои полначот со автомобилот. Ќе ја остави батеријата да се полни и ќе се врати на местото предвидео за чекање. Пред да се вратат на паркингот сопствениците ќе го известат роботот преку апликација.

Од VW велат дека ќе продолжат со развојот на таа идеја и засега не е познато кога ќе имаат конечен производ.

- Advertisement -

(The Verge)

(фото: Youtube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -