Што предлага Finance Think за зголемување на македонскиот извоз?

- Advertisement -

„Финанце тинк“ ги претстави петте области на кои треба да се делува за да се зголеми извозот дефинирани во рамките на истражувањето „Потенцијалот на извозно-ориентираните компании да придонесат за економско закрепнување по КОВИД-19 во Северна Македонија“.

Според истражувањето, пандемијата го наруши континуираниот пораст на извозот во Северна Македонија создавајќи големи предизвици за извозниците и креаторите на политиките да ја ревитализираат економијата во наредниот период. Извозниците имаат значајно успорување во нивниот пораст на приходите, профитите, инвестициите, капиталот, вработеноста и платите. Извозниците со ограничен пристап до финансии, увозна изложеност кон ЕУ, висока трудо-интензивност, извозна изложеност надвор од ЕУ и пониска конкурентност беа поранливи на пандемиските шокови, преставувајќи ги главните ограничувања со кои се соочуваат во фазата на закрепнување.

- Advertisement -

И покрај значајните ограничувања, извозниците имаат потенцијал да бидат двигател на растот. Тие имаат потенцијал за инвестиции во технологија, пораст на производство,  реадаптација и поддршка на дуалниот процес на образование. Резултатите покажаа дека: 46.4% од извозниците имаат капацитет и можност да се радаптираат, додека дополнителни 19.7% имаат можност, но се соочуваат со ограничувања кај кои доминираат ограничените човечки ресурсиНад 65% планираат да го унапредат технолошкото ниво; (46%) имаат капацитет да учествуваат во процесот на дуално образование, додека дополнителни 14.5% би учествувале доколку имаат соодветно стручно училиште. Дополнително, со стимулативни мерки имаат потенцијал значајно да го интензивираат: производството, инвестициите,  конкурентноста, а со воведување мерки, може да се зголеми атрактивноста на земјата за привлекување странски директни инвестиции

Како што соопштуваат од „Финанце тинк“ идентификувани се и дефинирани потенцијални интервенции во пет полиња. Прво, нарушувањата во синџирот на набавки ја загрозуваат конкурентноста на извозниците преку зголемување на производните трошоци. Намалувањето/ослободувањето од увозни давачки за активности поврзани со набавки на машини и опрема и изградба на нови капацитети, и усогласувањето на увозните тарифи на клучните компоненти според ЕУ носи значајни бенефити; Второ, извозниците имаат потенцијал да ги амортизираат шоковите на побарувачката преку реадаптација на нивните процеси и експанзија на нови пазари. Сувенционирањето на експанзијата на нови пазари и употребата на економска дипломатија би го зголемило искористувањето на овие потенцијали. Трето, недостатокот на квалификувана работна сила е важна пречка во периодот на економско закрепнување. Краткорочно решение би било субвенционирање на тренинг и едукација на вработените, додека на долг рок, развојот на соодветен модел на дуално образование би обезбедило одржливо креирање на човечки капитал. Четврто, КОВИД-19 кризата ја истакна важноста на подготвеноста на домашните производители да го заменат нарушениот увоз на извозниците. Додека потенцијалот е ограничен, стимулациски пакет фокусиран кон добавувачите вклучувајќи комбинација на финансиски стимул и програма за менторство за подигнување на технолошкото ниво, треба да обезбеди мотив кај домашните добавувачи да се приклучат во синџирот на набавки на извозниците. Конечно, ограничениот пристап до финансии и ниското ниво на технолошки развој ги зголемуваат негативните шокови на КОВИД-19 и го успоруваат економското закрепнување. Воведувањето и екпанзијата на долгорочни кредити по поволни услови (вклучувајќи и грантови) треба да ги релаксираат ограничувањата во ликвидноста и да стимулираат автоматизација во пост-КОВИД-19 периодот.

Сподели!
- Advertisement -