Синџирот за брза храна KFC лансдираше конзола за играње која има вградена комора за пилешко месо за да ви ја држи храната топла. Конзолата на KFC наречена KFConsole е дел од партнерството со производитело на хардвер Cooler Master.
Новиот уред ја содржи првата вградена комора за загревање пилешко месо во светот, со цел додека се забавувате да ви ги чува топли грицките, велат од KFC. Благодарение на посебниот систем храната ќе ви се одржува на одредена температура користејќи ја топлината која се создава од хардверските компоненти за време ан играњето.
Конзолата има процесор на Intel, Nuc 9 Extreme Compute Element и два Seagate® BarraCuda® 1TB SSD дискови за складирање податоци. На конзолата може да се играат игри во виртуелна реалност благодарение на 240 рамки во секунда и компатибилноста на екранот со резолуција 4K.
„Оваа машина ќе ви озмозможи одлична игра и ќе ви ја загрева храната додека вие уживате. Ако Sony или Microsoft сакаат да знаат како да постават комора за пилешко месо во нивните конзоли, нека не контактираат“ изјавија од KFC.
Компаниите не коментираат други детали за конзолата и не навестуваат можен датум за пуштање во продажба.
(CNN)
(фото: KFC screenshot)