Грета Тунберг го прослави полнолетството со саркастична објава за теориите на заговор

- Advertisement -

Светски познатата шведска активистка за климатските промени Грета Тунберг наполни 18 години, а својот роденден и полнолетството одлучи да ги одбележи со саркастична објава на Twitter.

Имено, откако на социјалните мрежи се заблагодари за добрите желби за нејзиниот 18. роденден, Тунберг одлучи со објавата на Twitter малку да си поигра со теориите на заговор за неа, кои почнаа откако на само 15 години стана светски позната активистка и суперѕвезда во борбата со климатските промени.

- Advertisement -

„Вечерва можете да ме пронајдете во локалниот паб каде што ги разоткривам сите мрачни тајни зад теориите на заговор за климатските промени и штрајкот во училиштата, како и за злобните луѓе кои ме контролираат. Конечно сум слободна“ напиша Тунберг и прикачи фотографија на која позира со маичка со натпис „Flat Mars Society”.

Меѓу најчестите коментари за нејзиното полнолетство се неверувањето колку брзо пораснала. Тунберг стекна светска слава како тинејџерка и најпозната активистка против климатските промени. Таа често ги повикува светските лидери, држи говори во големи меѓународни институции и дава многу интервјуа за светски медиуми. Тунберг двапати досега беше номинирана за Нобелова награда за мир.

- Advertisement -

Но, нејзината слава беше и повод за многу критики, од кои најголем дел велат дека е само марионета во рацете на мултинационални компании и политичари. Нејзината роденденска објава се однесува токму на тие критики.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -