Пронајден корoна вирус во сладолед во Кина

- Advertisement -

Корона вирусот беше пронајден на сладолед произведен во компанија од источниот дел на Кина, по што беше стопирана дистрибуцијата на сладоледот, објави кинеската влада.

Компанијата Daqiaodao Food од Тианџин, во близина на Пекинг, беше затворена и нејзините вработени беа тестирани на корона вирусот откако беше пронајден корона вирус во сладоледот кој го произведуваат тие, иако немало индикации дека некој се заразил со корона вирусот од сладоледот.

- Advertisement -

Најголем дел од 29.000 пакети, колку што биле произведени во серија, не биле продадени. Според официјалните информации на владата, биле продадени 390 вбо Тианџин, кои биле пронајдени и властите биле известени за стопирање на продажбата.

Меѓу состојките од кои е направен сладоледот има млеко во прав од Нов Зеланд и сурутка во прав од Украина, велат од кинеската влада. Кинеската влада посочува дека и претходниот вирус, кој прв пат беше детектиран во кинескиот град Вухан, бил увезен однадвор и потенцираат дека вирусот бил пронајден на увезена риба и други продукти, додека странските научници се скептични.

- Advertisement -

(Financial Express)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -