На Исланд досега се идентификувани 463 варијанти на корона вирусот

- Advertisement -

Исланд генетски ги секвенцираше сите потврдени случаи на зараза со корона вирусот во земјата од почетокот на пандемијата, што е клучно во време кога се појавуваат нови соеви на корона вирусот.

Светската здравствена организација неодамна ги повика сите земји да го забрзаат генетското секвенцирање на вирусите за да се олесни борбата против новите позаразни варијанти.

- Advertisement -

На Исланѓаните тоа не треба да им се каже затоа што нивната биофармацевтска компанија deCODE Genetics последните 10 месеци неуморно го анализираше секој позитивен тест на корона вирусот во земјата. Целта е едноставна – да се анализираат сите случаи за да не испуштат некој кој било посебно проблематичен.

Самото секвенцирање трае релативно кратко, објаснува шефот на лабораторијата на Genetics, Олафур Тор Магнусон. Тој вели деа се доволни отприлика 3 часа за да се одреди сојот на вирусот. Целиот процес, пак, од изолирањето на ДНК до секвенцирањето трае околу 1,5 ден.

- Advertisement -

Досега на Исланд се идентифицирани 463 варијанти на вирусот, кои научниците ги викаат хаплотипови. Властите потоа добиените информации ги користат за одредување прецизни и конкретни мерки за да се спречи ширењето на вирусот.

На Исланд знаат дека кај нив го нема јужноафриканскиот сој на корона вирусот и дека имале 41 случај на заразени со биртанскиот сој. Сите тие биле стопирани на граница, каде што се бара PCR тест за влез во земјата, со што ефикасно се спречува ширењето на новите увезени соеви на вирусот.

- Advertisement -

Бидејќи сите 6.000 потврдени случаи на КОВИД-19 на Исланд се секвенцирани, тоа ја прави земјата светски лидер по тоа прашање. Иако и други земји како Велика Британија, Австралија, Данска и Нов Зеланд неуморно секвенцираат, никој не е ни блиску до нивото на Исланд.

Мапирањето на гените е специјалност на deCODE Genetisc, основана уште во 1996 година. Експертите на компанијата во 2015 година во студија за факторите на ризик за рак секвенцирале комплетен ген на 2.500 Исланѓани и ги проучиле генетските профили на една третина од населението.

Во споредба со тоа секвенцирањето на примероците на КОВИД-19 изгледа како детска игра. Многу е лесно да се секвенцира геномот на вирусот затоа што тој има само 30.000 нуклеотиди, вели 71-годишниот основач на компанијата, Карл Стефансон. За споредба, човечкиот геном, кој вообичаено се анализира во лабораториите, има 3,4 милијарди парови нуклеотиди или органски молекули

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -