Велосипедот Lopifit го придвижувате додека одите

- Advertisement -

Замислете да можете да најдете комбинација од лента за одење/трчање и велосипед? На тој начин истовремено би имале лесна вежба која не ги оптоварува колената и ќе можете да одите каде сакате без да се изморите.

Е па постои и тоа. Lopifit е електричен велосипед на кој нема педали за вртење, нема ниту осовина на средината на рамката. Наместо тоа има лента за одење по која се движите и на тој начин го придвижуватењ велосипедот. И тоа брзината со којашто може да се движи воопшто не е мала – дури 26 км/ч.

- Advertisement -

Велосипедот е дизајниран да биде удобен, да го активира целото тело и да не го оптоварува срцето. Може да помине околу 45 км со едно полнење на батеријата (350W Samsung Battery).

Lopifit се произведува и се склопува во земјата на велосипедите – Холандија.

- Advertisement -

(Lopifit)

(фото: Lopifit screenshot)

Сподели!
- Advertisement -