Бремените жени не треба да ја примаат вакцината на Moderna против КОВИД-19 со посебни исклучоци, покажале резултатите од последните истражувања на вакцината на биотехнолошката компанија кои на својата веб страница ги објави Свeтската здравствена организација.
Иаклучоци се бремените жени кои се здравствени работници или имаат некои претходни заболувања поради кои се во ризичните групи со поголема опасност од КОВИД-19.
Стратешката советодавна група на СЗО на експерти за имунизација, наречена SAGE — најави неколку препораки за вакцината на Moderna неколку недели после објавување на препораки за конкурентот на Moderna, вакцината Pfizer и BioNTech.
Сепак, истражувачите објаснуваат дека тие препораки допрва треба да се потврдат и за вакцината на Moderna и за таа на Pfizer.
„Иако бременоста ги става жените во поголема опасност од сериозна зараза со КОВИД-19, употребата на вакцината на Moderna моментално не се препорачува, освен ако тие се здравствени работници се изложени на поголем ризик од заразување“ се вели на блогот на СЗО.
Кејт О’Брајан, директор за имунизација на СЗО, изјави дека потребни се клинички тестирања на вакцината на Moderna за бремени жени. „Нема причина дa мислиме дека вакцината е опасна во бременоста, ние само посочуваме дека ги немаме податоците сега“ додаде О’Брајан.
СЗО во моментот соработува со Moderna на проценка на податоците поднесени како дел од апликацијата на компанијата за итна употреба на вакцината со цел што побрзо да се донесе одлука.
Сепак, без докази кои ќе ги водат докторите при администрацијата на вакцините против КОВИД-19 и грижата за бремените жени може да биде тешко да се носат одлуки во клучни моменти, велат докторите.
(Interesting Engineering)
(фото: Freepik)