Стагнација на германската економија во четвртиот квартал од 2020 година

- Advertisement -

И покрај блокадата од пандемијата на коронавирусот, германската економија во последниот квартал од минатата година пораснала за 0,1 процент во споредба со претходното тримесечје, соопшти денеска германскиот Федерален завод за статистика, пренесе ДПА.

Економистите во голем дел ја предвидуваа стагнацијата на економијата.

- Advertisement -

Германија се наоѓаше на патеката за закрепнување од вториот квартал, кога бруто домашниот производ падна за историски 9,7 проценти, пред да скокне за 8,5 проценти во третиот квартал.

Меѓутоа, земјата во ноември воведе огромни ограничувања на јавниот и економскиот живот, што потоа во декември беа засилени со нови поостри мерки, закочувајќи го економското закрепнување.

- Advertisement -

(МИА)

(фото: Balkaneu.org)

Сподели!
- Advertisement -