SpaceX ќе пренамени две нафтени платформи во лансирни рампи за ракети за Марс

- Advertisement -

SpaceX минатата година влезе во историјата како првата приватна компанија која однесе астронаути до Меѓународната вселенска станица, но амбициите на Маск се многу поголеми од тоа. Веќе некое време трае развојот и тестирањето на ракетата која може луѓето да ги однесе таму каде што никогаш не сме биле – на Марс. Но, освен на Марс, ракетата треба да се користи и за лансирање сателити, превоз на товар и инфраструктура итн. Уште еден интересен факт за Starship е дека во вселената можеби ќе биде лансирана од поранешна нафтена платформа.

Неделава медиумите пренесоа информација дека SpaceX минатата година купил две нафтени платформи сместени под пристаниште во американскиот град Браунсвил. Пристаништето е сместено во близина на фабриката Бока Чика во Тексас во која инженерите на SpaceX моментално работат на развојот на Starship. Според CNBC, планот на Маск е да ги пренамени нафтените платформи во пловечки лансирни рампи од кои своите идни летала ќе ги испраќа на вселенски патувања. Маск уште минатата година зборуваше за тоа како имаат план да изградата тешки пловечки вселенски пристаништа од кои ракетите ќе полетуваат за Марс, Месечината, но и за други градови на нашата планета.

- Advertisement -

Од SpaceX- не сакаат да ги коментираат наводите за купување нафтени платформи, но јавните податоци покажуваат дека минатата година компанијата Valaris продала две нафтени платформи за 7 милиони долари. Платформите ги купила компанијата Lone Star Mineral Development, која е регистрирана на името на извршниот финансиски директор на SpaceX, Брет Џонс. Имињата кои SpaceX им ги дал на платформите се симболични затоа што станува збор за два стелити на Марс – Деимос и Фобос.

Купувањето на поранешни нафтени платформи има уште еден вид на симболика, смета дел од американските медиуми затоа што инфраструктурата која претходно се користела за фосилни горива сега е дел од компанијата која ја основаше човек чија главна цел е искоренување на фосилните горива и е фокусиран на зелена енергија.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixy.org)

Сподели!
- Advertisement -