Учителката што ги направи ракавиците на Берни Сандерс најде бизнис партнери

- Advertisement -

Џен Елис, учителка во основно училиште во Вермонт, ги здружува силите со компанијата „Vermont Teddy Bear“ за да ја задоволи побарувачката на ракавиците од рециклирана волна што ги носеше Берни Сандерс на претседателската инаугурација. Сликата од Сандерс притоа предизвика безбројни мемиња на социјалните мрежи, а ракавиците на учителката добија светска слава.

Дел од приходите ќе бидат наменети за добротворната организација „Make-A-Wish Vermont“.

- Advertisement -

„Не можам да бидам повоодушевена, бидејќи јас лично не можам да направам 18.000 пара ракавици“, рече во саботата Елис, објавувајќи колку луѓе ја контактирале. „Секој ќе си ги земе своите ракавици. Секој.“

Таа изработува ракавици од рециклирана волна, при пто еден пар му даде подарок на Сандерс. Не е јасно кога првите ракавици ќе бидат достапни за купување. Оние кои се заинтересирани да добијат пар, можат да порачаат преку веб-страницата на компанијата.

- Advertisement -

Во минатото, „Vermont Teddy Bear“ направи специјални мечиња за организацијата „Make-A-Wish Vermont“, а неодамна и даде канцелариски простор на организацијата за 1 долар годишно, изјави Џејмс Хатавеј, претседател и извршен директор на добротворната организација.

„Ние сме толку благодарни на Vermont Teddy Bear, на Џен и секако на Берни кој беше толку многу Берни“, изјави Хатавеј.

- Advertisement -

Извор – Радио МОФ

(YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -