Научници градат нуклеарен реактор кој ќе го скрати патувањето до Марс на 3 месеци

- Advertisement -

Американската компанија Ultra Safe Nuclear Corporation (USNC) направи мали и безбеден нуклеарен реактор кој би можел да се постави на вселенски бродови и да го скрати времето на вселенските патувања. Така, астронаутите од Земјата би можеле да стигнат на Марс за само три месеци.

На сите им е познато дека Марс нема услови за живот, ладен е и без кислород, па при секое подолго патување на оваа планета астронаутите се изложуваат на поголем ризик, па затоа овој пократок период би бил многу поволен за нив.

- Advertisement -

Моментално најкраткото патување на беспилотно летало на Марс трае седум месеци, но се очекува мисијата со екипаж да трае и до девет месеци.

Идејата за нуклеарни реактори датира од 40-тите години на минатиот век, но оваа технологија неодамна беше ревидирана како решение за истражување на длабочините на вселената.

- Advertisement -

Мајкл Еадес, директор на инженеринг во компанијата USNC, истакна дека ракетите на нуклеарен погон би биле многу помоќни и двојно поефикасни од оние со хемиско гориво што се користат денес, што значи дека би можеле да патуваат подалеку и побрзо, а со самото тоа и ќе согоруваат помалку гориво.

Нуклеарната технологија ќе го прошири досегот на човештвото надвор од Земјината орбита, но и во вселената, вели Еадес. Тој додава дека со овој изу не само што ќе им се овозможи на луѓето да патуваат во вселената, туку ќе се отвори и простор за галактични бизнис прилики.

- Advertisement -

Дизајнот на новиот мотор со нуклеарна термална пропулзија (NTP – Nuclear Thermal Propulstion)неодамна беше довршен и испорачан на НАСА, која ја нарача студијата за да пронајде начин за побрзи вселенски патувања. Ваквиот мотор би требало да биде помал, постабилен и поефикасен од досегашните слични нуклеарни реактори, па не е ни чудо што НАСА ги планира за своите идни вселенски мисии.

Од USNC велат дека нивниот концепт на нуклеарен ракетен погон базиран на керамичко гориво во микрокапсули и средно збогатен ураниум со 5-20% ураниум -235.

Оваа комбинација на материјали се користи за производств на микрокапсули прекриени со циркониум карбид, кои се многу цврсти и отпорни, па можат да работат на повисоки температури отколку класичните нуклеарни горива. Тоа овозможува и побезбедни реактори, поголема ефикасност и двојно помоќен импулсен погон.

Пократките мисии би ја ограничиле изложеноста на луѓето на вселенското зрачење, но и понатаму постои загриженост поради количината зрачење од нуклеарните реактори од вселенските летала.

Еадес објаснува дека тоа би се ублажило со дизајнот на реакторот. Појаснува дека течните горива, кои се наоѓаат меѓу моторот и просторот каде што се наоѓа екипажот, ги блокираат радиоактивните честички дејствувајќи како исклучително добар воздушен штит.

USNT планира NTP моторите да ги понуди не само на НАСА, туку и на американското Министерство за одбрана, како и на приватни вселенски компании. Засега оваа компанија има концептуален дизајн на основа на кој планира наскоро да го изработи и првиот термонуклеарен ракетен мотор. Планот е да помогне да заживее вселенскиот туризам и развојот на брзи орбитални услуги како транспорт на сателити или испорака на вселенски летала способни за поправка на сателитите во вселената.

Експертите велат дека овој NTP мотор би се нашол во широка употреба за две децении. Пред тоа мора да бидат направени бројни испитувања.

(CNN)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -