Министерството за здравство потпиша договор со „Синофарм“ за набавка на кинеската вакцина

- Advertisement -

Министерот за здравство, Венко Филипче, го потпиша договорот за набавка на вакцини против Ковид-19 од кинескиот производител „Синофарм“.

Со договорот, Македонија од кинеската компанија обезбедува 200.000 вакцини кои ќе пристигнат овој месец, а точниот датум на пристигање и сите информации поврзани со испораката се очекува да биде утврден во следните денови.

- Advertisement -

Министерството за здравство почитувајќи ја одредбата од договорот за тајност, а во согласно со глобална политика на сите компании за производство на вакцини, вклучително и на „Синофарм“, податоците што ги содржи договорот остануваат доверливи“, велат од МЗ.

Од таму велат дека е направен детален план за транспорт на вакцината од аеродром до економските оператори (веледрогерии) кои се задолжени за складирање на количините, а потоа и план за дистрибуција до вакцинални пунктови каде ќе се спроведува вакцинацијата.

- Advertisement -

Вакцината на „Синофарм“ се чува и дистрибуира на температура од 2 до 8 степени, а вакцините се пакувани во формулација на претходно наполнет шприц, што ја олеснува и самата апликација на вакцината.

Овој тип на вакцини има оптимален однос помеѓу безбедноста и ефикасноста, поради тоа може да се даваат на сите граѓани, без ограничување по било кој основ. Конкретно за оваа вакцина, термините за вакцинација во ЈЗУ-а ќе бидат на 10 минути, по пациент.

- Advertisement -

Први ќе се вакцинираат здравствените работници од ковид – центрите, матичните лекари и останатите вработени во матичните ординации, вработените во Итна помош и други здравствени работници опфатени во првата група од Фаза 1, како и возрасните граѓани над 70 години.

„Сите вакцини кои се на пазарот се развиени на безбедни платформи, односно се безбедни за граѓаните. Производителите на вакцини имаат документи од нивните национални агенции, а некои производители дополнително се регистрирани и од европското и американското регулаторно тело за квалитет на лекови“, велат од МЗ

(Denar.mk)

Сподели!
- Advertisement -