Направете селфи и проверете какво е вашето здравје

- Advertisement -

Најголем дел од корисниците на преносни уреди како фитнес алки или паметни часовници ја следат својата здравствена состојба. Особено ако се занимаваа со некаков спорт затоа што таквите уреди можат да го мерат срцевиот ритам, нивото на стрес, заситеноста на крв со кислород или крвниот притисок. Но, што кога немате такви уреди, а сепак сакате да го следите здравјето?

За таа цел Google осмисли апликација која тоа ќе им го овозможи на сите корисници на паметни телефони. Како што објавија, од идниот месец апликацијата Google Fit ќе биде достапна за корисниците на Pixel телефони, а потоа и за корисниците на други Android модели.

- Advertisement -

Апликацијата може да ја мери фреквенцијата на дишење и бројот на отчуукувања на срцето со помош на предната, односно селфи камерата на телефонот. Така, доволно е да го ставите телефонот на некое место од каде што во фокус на камерата ќе биде главата и горниот дел од градниот кош и да дишете нормално. Апликацијата потоа ќе ја пресмета фреквенцијата на дишење, а за мерење на отчукувањето на срцето доволно е да ставите прст на задната камера.

Од Google велат дека нивните мерења не служат за медицински цели, но може да послужат како индикатори дека нешто се случува во телото.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Play Store screenshot)

Сподели!
- Advertisement -