Постигнат компромис: на државната матура ќе се полагаат два екстерни и два интерни испити

- Advertisement -

Сојузот на средношколци го прифати решението за државната матура за кое разговараa на средбата со премиерот Зоран Заев, пратеничката Зајкова и советникот на премиерот Тасев, а кое подразбира да се полагаат два екстерни и два интерни испити, односно третиот екстерен испит да се организира интерно, соопштија денеска од Сојузот, откако претходно беше најавено дека викендов ќе ја донесат одлуката.

Овој чекор повлекува промени и во начинот на добивање на поените за државната матура, па екстерните испити ќе носат најмногу 20 поени (наместо сегашните 30), интерните најмногу 16 (наместо сегашните 6) и проектната задача ќе продолжи да носи најмногу 4 поени.

- Advertisement -

„Решението го брани интересот на учениците бидејќи им овозможува на амбициозните матуранти да се запишат на странски универзитети, а пак присуството на поголем број на интерни испити го олеснува процесот на подготовка за испитот. Поправедната распределба на поените значи дека и доколку еден ученик се здобие со послаба оценка на еден испит, таа оценка нема да влијае значително на бројот на поени“ стои во соопштението на Сојзуот.

Но, како што велат претставниците на средношколците во земјава, тие до Владата ќе испратат уште три услови за прифаќање на овој предлог. Меѓу нив е и предлогот формирање на работна група меѓу Државниот испитен центар и Сојузот, во кој би учествувале претставници на Сојузот (ученици), наставници
номирани од страна на Сојузот и претставници на ДИЦ. Со групата би претседавал претставник од Канцеларијата на премиерот, а планот е групата да работи до средината на март, чија главна задача ќе биде да одлучува кои наставни програми ќе бидат скратени за екстерните испити.

- Advertisement -

Вториот услов предвидува наставниците да ги споделат материјалите за интерните испити со своите ученици најмалку 3 недели пред денот на испитот. Под испитни материјали се подразбира: формат на испитот, конректни содржини покриени на истиот и банките на прашања за истиот.

Додека пак, третиот услов е зголемување на коефициентот за добивање на поените доколку екстерниот испит е несоодветен за студиите на кои се запишува ученикот. Сегашниот модел доделува најмногу 5 поени за несоодветен екстерен испит. Сојузот бара бројот на поени да се зголеми на 7, со што би се заштитиле матурантите кои стравуваат дека нивниот соодветен екстерен испит ќе се претвори во интерен, па тие би изгубиле на поени.

- Advertisement -

Во вторникот, претставници на Сојузот на средношколци остварија средба со премиерот Зоран Заев, на која разговараа за нивните барања поврзани со промена во моделот на државната матура.

Tие од понеделникот повторно се вратија на настава откако го прекинаа бојкотот со цел да им остават простор на пратениците да најдат решение за модифицирање на државната матура.

Фото – Flickr.com

Сподели!
- Advertisement -