Осум македонски стартапи од Сеавус Акцелератор, дел од Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели (WBAF)

- Advertisement -

На својата редовна годишна конференција, Светскиот Инвестициски Форум кој се одржува виртуелно, повторно ги отвори вратите за стартапи и брзорастечки компании, создавајќи можности за поврзување и пристап до финансии.

Привилегија да бидат дел од овoj светски настан годинава имаат и осум стартапи од последната генерација на СЕАВУС АКЦЕЛЕРАТОР. ЕnRoute, SiMaind , Challenger, Разговор.мк , Trident Peak, Go Easy, Nsight solutions, Swift Data пред инвеститори ќе се претстават во сабота, на 20 февруари.

- Advertisement -

Сеавус Акцелератор успешно продолжува со имплементација на Tech Boost Програмата во која е резултат на соработката со Европскиот Фонд за Југоисточна Еврота (EFSE) и Startup Wise Guys Accelerator. Проектот Акцелератор е иницијално поддржан и од Фондот за иновации и технолошки развој.

Како и секоја година и годинава, форумот обедини на едно место стартапи бизнис ангели, менаџери на фондови и берзи, корпорации со цел размена на искуства и можности за соработка и инвестиции.

- Advertisement -

Целта на Светскиот Форум на бизнис ангели е интернационална организација која делува глобално и посветено работи на создавање нови финансиски инструменти со што помага во креирање на повеќе нови работни места низ целиот свет.

Сподели!
- Advertisement -