Х Фактор Акцелератор ја најавува својата нова Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 Евра

- Advertisement -

Најактивниот акцелератор во Македонија Х Фактор Акцелератор ја најавува својата нова Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 Евра во стартап фирми и дополнителна техничка поддршка, менторство и пристап до компании. Повикот е отворен за пријавување до 15ти март, со вкупен буџет за инвестиции од 300.000 евра кои ќе се инвестираат во 3-5 компании.

X Фактор Акцелератор е првиот од трите акцелератори поддржани од ФИТР преку Светска банка, кој во изминатата година реализираше две инвестиции во вкупен износ од 200.000 евра во стартап – тимовите на Матриошка и Vision Dynamix.
Оваа година и покрај предизвиците на корона кризата – X Фактор Акцелератор продолжува да креира средина која го стимулира и поттикнува развојот на новите бизниси преку поддршка на растот за регионална/глобална експанзија.

- Advertisement -

Кои критериуми треба да ги исполнат стартапите за да аплицираат на повикот?

Што бараме од компаниите како услов за влез во Инвестициската програма:
● Оформен, искусен и посветен тим,
● Оформен производ кој е во фаза на пазарна валидација,
● Продажба на први клиенти,
● Компанијата да е регистрирана во Р.С.Македонија, со најмалку 51% Македонска сопственост.
Оваа година фокусот е на иновативни решенија од било која дејност, со глобален потенцијал на раст.

- Advertisement -

Што добиваат стартапите во рамки на Инвестициската програма?

Оваа програма има за цел да ги донесе компаниите што побрзо до инвестиција и нови пазари. За таа цел X Фактор Акцелератор ќе започне со преговори за инвестирање и менторска поддршка со 5 до 10 од аплицираните компании преку:

- Advertisement -
  1. Специјализирана менторска програма спроведена од нашиот тим, како и од искусни ментори од партнерските организации: ФИТР, World Bank, SwissEP, Startup Macedonia, Senior Experts Program.
  2. Покрај експертската помош, акцент ќе ставиме на валидација на постоечките решенија и бизнис модели за пристап до локалните и интернационалните пазари со искусните тимови на нашите корпоративни партнери како Oracle for startups и други локални и глобални корпорации.
  3. Техничка поддршка за компаниите преку унапредување на нивната маркетинг стратегија, дигитално присуство и развој на бренд со тимот на Monday дигитална агенција, дополнителен развој и/или валидација на софтверски решенија со екпертска поддршка на ИТ професионалци од SkillUp Academy и пристап до нови пазари преку 36 Chambers.
    Најважниот ресурс кој го добиваат стартапите за време на програмата, освен финансииите е целокупната поддршка за вмрежување и зголемување на видливоста на бизнисите.

Акцелераторот овозможува размена на знаења и искуства помеѓу самите претприемачи, од каде што има огромен потенцијал за произлегување на голем број нови партнерства.

Каков е процесот на апликација?

  1. 18.02 Изјавување на Интерес: Апликациите се одвиваат преку нашиот вебсајт со испраќање на краток опис на бизнис идејата со пополнување и прикачување на апликациска форма во коja се објаснува бизнисот,
  2. 09.03 Ask me Anything: Сесија во живо за да праша публиката сѐ што ги интересира;
  3. 15.03 Евалуација: Апликациите кои од страна на Комитетот за евалуација на проекти ќе се оценат дека се најиновативни и имаат потенцијал за раст ќе се квалификуваат за влез во следната фаза;
  4. 20.03 Валидација: Во оваа фаза селектираните тимови треба да поднесат дополнителни документи Pitchdeck, Финансиски проекции, CaseStudy со кои би се потврдиле првичните бизнис концепти и презентирање пред Евалуациониот Комитет;
  5. 01.04 Преговори и Менторство: Вклучување на 5-10 компании во 8 неделна Инвестициона програма и подготовка на компанијата за инвестиција преку, менторство, експертска поддршка, состаноци со потенцијални клиенти и партнери како и преставување на локални и регионални настани. Во текот на програмата тимот на X Фактор Акцелератор ќе го отпочне процесот на Due diligence со тимовите;
  6. 01.06 Демо ден: Стартапите презентираат пред Инвестицискиот одбор и мрежата на партнери, корпорации и инвеститори кои ќе ги одберат компаниите со кои ќе се започнат финалните преговори за инвестиција;
  7. 01.07 Потпишување на Инвестиционен договор: Финализирање на преговарачкиот процес и потпишување договори за инвестиција.

Што да очекувам од X Фактор Акцелератор?

X Фактор Акцелератор има за цел да направи инвестиција во период од 4-6 месеци од аплицирање во програмата во износ од 30.000 до 100.000 евра по компанија, зависно од фазата на развој. X Фактор Акцелераторот има за цел да стане малцински содружник, со процентуален удел во компанијата кој е предмет на преговори. Претставник на акцелераторот ќе добие место во бордот на директори и континуирано ќе помага во донесување на стратешки одлуки и поврзување на компанијата со потенцијални партнери, клиенти и интернационални инвестициони фондови.

Овогодинешниот повик официјално е започнат и вашите апликации ги очекуваме до 15ти Март 2021 година преку веб страната на Х Фактор Акцелератор: http://xfacc.mk/

Сподели!
- Advertisement -