Добитник на златни олимписки медали во велосипедизам и физичар направија иновација на очила за сонце која ќе ги одушеви сите. Станува збор за очила за сонце кои на корисникот му овозможуваат да гледа зад себе без да ја врти главата.
Калум Скинер и Алекс Мекдоналс од Единбург во Шкотска ги развија очилата од концепт за кој на платформата за групно финансирање Kickstarter собраа околу 116.000 евра.
Тие очила на велосипедистите им овозможуваат да гледаат назад и на тој начин да го променат фокусот на погледот низ очилата на лева или десна страна и така да видат што им се случува зад грб. Скинер и Мекдоналд тврдат дека елиминирањето на потребата за вртење на главата назад ја подобрува брзината на велосипедистите и аеродинамичноста во текот на возењето.
Компанијата која ја стартуваа се вика HindSight и нивните иновативни очила може да се нарачаат преку веб страницата на компанијата. Сепак, цената на очилата не е за сечиј џеб – за основниот модел ќе треба да платите 230 евра.
Очилата можат да ги користат сите, а не само велосипедистите. Фунцкионираат така што имаат стакла чии леви или десни надворешни рабови под агол имаат полупровидно огледало кое овозможува поглед настрана без потреба од вртење на главата.
Скинер, кој во 2016 година на Летните олимписки игри освои златен и сребрен медал, смета дека HindSight очилата имаат потенцијал да им помогнат на професионалните спортисти да ги достигнат своите максимални перформанси.
Мекдоналд смета дека очилата може да бидат решение за побезбедно возење на велосипедистите во услоги на градски метеж и општо во градскиот сообраќај. За него проблемот со одржувањето на рамнотежата на велсипедистите е клучен за градскиот метеж, а идејата за очилата ја добил од страничните ретровизори на автомобилите.
(Daily Mail)
(фото: HindSight Store)