Galeksia – првиот и единствен Институт за дигитален маркетинг во нашата држава, минатата недела беше прогласен за престижен Platinum Partner на најголемиот Институт за Дигитален Маркетинг во светот. Само 4 од над 100 глобални партнери на DMI го добија ова значајно признание на глобално ниво.
Digital Marketing Institute – со главни седишта во Ирска и САД е најголемиот Институт за Дигитален Маркетинг во светот. Во изборот учествуваа над 100 глобални партнери на Digital Marketing Institute, од кои само 4 беа одбрани за најдобри, платинум партнери.
Главните критериуми за избор на овие престижни награди го вклучуваат квалитетот на наставата, експертизата на менторите, процентот на задоволство на учесниците на програмите и процентот на учесници кои успешно го положуваат испитот за светски признат сертификат.
За помалку од една година постоење, Galeksia едуцираше и сертифицираше точно 89 професионалци во областа на Дигитален Маркетинг, а оствари успешни партнерски соработки со некои од најдобрите компании кај нас, како што се Божиновски часовници и накит, Вива Сокови, Нептун, Халк Банка и Авалон продукција.
Иако компанијата беше основана во време на пандемија, Galeksia за многу краток период ја покажа својата професионалност и експертиза во неформалната едукација за дигитален маркетинг, за што залужено се стекна со називот Platinum Partner на Digital Marketing Institute. Сите предавања се прилагодени за он-лајн учење од самиот старт, со цел да се запази безбедноста на учесниците. Предавањата се одржуваат во мали групи, со цел да се одржи квалитетот на наставата на едно високо и професионално ниво.
„Galeksia ја лансирав со една главна цел – да го подигнеме нивото на неформална едукација за дигитален маркетинг во нашата држава. Чест ми е што сме престижни платинум партнери на Digital Marketing Institute, што е доказ за пасијата и посветеноста со која јас и тимот го работиме ова.
Не беше лесно да се почне компанија во исто време кога започна пандемијата на Covid-19 во нашата држава, но со многу труд, тимска работа и посветеност, континуирано чекориме кон постојан раст и развој во секој аспект од нашето работење.
Најголемата награда за нашиот труд се задоволните учесници на програмите, а наша главна мотивација за континуирано подобрување на процесите се токму тие, нашите студенти кои ни веруваат во процесот на нивниот професионален развој и промена или унапредување на нивната кариера“, вели Теодора Филовска, основач и сопственик на Galeksia.
Galeksia овозможува едукација за 5 различни програми за дигитален маркетинг, од која најпрепознатлива е програмата за Professional Diploma in Digital Marketing.
Сите програми кои се изучуваат на Galeksia се креирани и одобрени од најуспешните компании и професионалци во светот: Facebook, Google, LinkedIn, CocaCola, IBM, Microsoft и многу други, кои се лидери во дигиталната трансформација на глобално ниво.
Програмата за Professional Diploma in Digital Marketing опфаќа 10 различни модули кои им овозможуваат на учесниците да се стекнат со применливо знаење од најважните области во дигиталниот маркетинг и да бидат подготвени истото да го применат на светско ниво, без разлика дали работат за домашен или странски пазар.
По завршувањето на програмата, секој учесник полага за светски признат сертификат кој го издава најголемото сертификационо тело за он-лајн тестирање во светот – Pearson VUE.
Меѓу дополнителните вредности по кои програмите на Galeksia се издвојуваат од останатите во нашата држава е пристапот до глобалната платформа на Digital Marketing Institute кој го добиваат сите учесници на било која програма на Galeksia.
На оваа платформа има над 120.000 активни членови од целиот свет, а студентите на Galeksia добиваат пристап до ексклузивни дополнителни материјали за учење, кои вклучуваат дополнителни бесплатни курсеви, темплејти, алатки, е-книги, вебинари и подкасти, кои им овозможуваат на учесниците да го продолжат своето образование и по стекнувањето на глобално призната диплома.
Уписите за новата група во март се веќе во тек, за повеќе информации кликнете на овој линк.