„3аеднички храбри“ иницијативата гради подобар свет чувајќи го споменот на жртвите од Холокаустот

- Advertisement -

Лион Бан Нес Вануну во интервју за Иновативност  споделува  како преку иницијативата Заеднички храбри, технологијата и претприемништвото се клучни за надминување на омразата. Омразата е она што цвета кога има немаштија. Но со помош на технологијата и со порака за херојство можеме да ги надминиме немаштијата и омразата и така да создадеме подобра иднина. Оваа иницијатива Лион ја зачна со својата сопруга но прерасна во нешто значајно и огромно токму заради пораката која ја носи, а тоа е: храбро пребродување на тешкотиите кои животот ги носи преку личните приказни на оние кои го преживеале холокаустот. Лион за „Иновативност“ открива како ги поврзал минатото и постарата генерација нивната борбеност за живот и сегашната младината со нивната креативност и иновативност за доброто на сите.

Разговараше: Maрија Димовска

- Advertisement -

Како ја добивте идејата за организирање на хакатонот „Заднички храбри“? Кога беше одржан приот хакатон?

За да се сфати идејата позади одржувањето на хакатонот мора да го поврзиме со мисијата на иницијативата ,,Заеднички храбри“. Нашата цел и замисла е да создадеме подобро поврзан и проактивен свет со што ќе ги зачуваме сеќавањата на жртвите од холокаустот. Ќе го замениме мракот со светлина и ќе го негуваме нивниот пристап кон животот и нивната способност да се надминат и најтешките и најсурови ситуации.Само така создаваме сеќавање кое охрабрува и им овозможува на останатите да се сеќаваат со години на холокаустот. Ќе им помогне на луѓето да најдат сила да ја надминат омразата и потешкотиите и се надевеме дека ќе поттикнеме ниту еднаш повеќе да не се повтори уште еден холокауст или геноцид.

- Advertisement -

Темнината неможе да ја избрка темнината, само светлината може да го стори тоа. Мартин Лутер Кинг

Првиот хакатон се одржа минатата година и  тогаш сфативме дека доколку сакаме да испратиме охрабрувачка и иновативна порака, која се стреми да ги поврзе луѓето прославувајки ја храброста за живот од холокаустот, не треба да ја занемариме иновацијата. Технологијата е сила која може да се дуплира. Со оглед дека нашата цел преку оваа иницијатива е да се поврзат што е можно повеќе луѓе технологијата во овој случај е неизбежна потреба. Се поврзавме преку  вешти волонтери кои ни овозможија да го дуплираме влијанието на самата иницијатива.

- Advertisement -

Она што научивме годинава е покрај поврзувањето на луѓето преку нашите производи и услуги ние можиме да ги поврземе и преку заедничко креирање на технологија односно создавање на претприемачки дух и простор за подобор свет. Ги поврзавме пасовер со егоздусот што е комулативен сврзник за сите 3 абрахамови религии. Се надеваме дека можеме заедно да надвладееме врз антисемитизмот и омразата па така да вдахнеме една посветла иднина за целиот свет.

Хакатонот ,,Заедничи храбри“ е повеќесегментна  иницијатива која се состои од  виртуелни, физички настани како и образовна програма. Дали би можеле да споделите неколку  информации за секоја од овие активности?

„Заеднички храбри“ или на израелски ( מצעד הגבורה) претставува екосистем кој има за цел да допре до секого и сечие срце преку охрабрувачка порака и оптимистична порака.  Не може пораката за херојство да се сподели проактивно само усно. За јасно зацртана порака  потребен е јасен конкретен пристап каде нема само да им кажете на луѓето да го надминат болното минато за доброто на сите туку треба да ги водите според конкретни примери и да создадете модел или пример кој ќе го следат.

Парадите (имаме физички и виртуелни) се еднодневни. Парадата се случува на Денот за сеќавање со цел да ја поврземе нашата охрабрувачка порака како и да ја рашириме до поголем број на луѓе. Во 2018 парадата се одржа на две локации, а во 2019 на шест локации, со вкупно 4,200 луѓе. Виртуелната парада  се одржа во  2020 година заради пандемијата. Виртуеланата парада се одвиваше 25 часа со многу различни активности. Оваа година ќе се одржи повторно во истиот временски период и ќе биде една недела после хакатонот.

Целата на парадите е да привлечат што е можно повеќе луѓе.  Тие се всушност се рекламната платформа преку која ја споделуваме мисијата на иницијативата „Заеднички храбри“ и ги поврзуваме младите и постарите заедно да волонтираат во склоп на нашите заедници. На тој начин креиравме еден прозорец кон заедничка и активна комеморација и оддавање на почит спрема оние кои го преживеаа и пребродија најмрачниот дел од човечката историја.

Во рамки на волонтерските активности имаме „Херојски заедници“, програма за поврзување на еден херој, односно преживеан од Холокаустот со тројца волонтери кои живеат во неговата или нејзината заедница. Целта е да се креира благопријатна атмосфера каде луѓето ќе соработуваат и меѓусебно ќе си помагаат. Заради ковид-19 програмата ја отворивме и за лица кои се постари на 75 годишна возраст па така овој сегмент од иницијативата прерасна во една мултигенерациска платформа. Кога станува збор за лични и храбри пораки сведоштва кои зборуваат за надминување на огромни потешкотии речиси секоја постара лилчност има да понуди совет кој може да е неизмерно поучен.

Имаме и програми наречени: „Прослава со херои“ и „Приказни од херои“. Хакатонот, пак, е технолошкиот дел од иницијативата, кој има за цел да привлече волонтери со цел да се: промоира волонтерство, да се промовира пораката на херојство и да се креира образовна програма со порака за херојство.

Хакатонот  се разликува од други хакатнои бидејќи промовираме мега волонтерски настан, не само натпревар. Се сретнуваме со тимот пред хакатонот со цел да им помогнеме да разберат дали нивното решение може да се иплементира во склоп на ,,Заеднички храбро“ екосистемот и да креираат решение кое ќе може да се реализира во склоп на времетраењето на хакатонот. Така тие веднаш може да почнат да кодираат уште во првиот час од самиот хакатон. Годинaва го доусовршивме моделот и креиравме пакет кој им овозможува на тимовите да го почнат хакатонот на ниво кое досега го дистигнуваа веќе по 10 часа работa во склоп на самиот хакатон.

Кои видови на апликации досега се развиени во рамките на оваа иницијатива?

Досега имаме организирано само еден хакатон но имаме неколку апликации кои се развија и тоа:

  1. Aпликација која овозможува тагирање на видео и е дизајнирана да може групно да се едитира сведоштвото на преживеаните од холокаустот.
  2. Глобус кој претставува приказни и сведоштва на преживеаните на интерактивна површина.
  3. Флеш меморија е апликација на видео записи од сведоштва каде секој херој преживеан треба да одговори на 3 прашања (секое прашање по една минута) каде со одговарање на првото прашање споделуваат со нас каква потешкотија надминале, како се чуствувале додека ја пребродуваа тешкотијата и што ги охрабри да продолжат да не се откажат. Прашањата и одговорите се комбинираат на серверот и заедно со  заклучок од тимот на Заеднички храбри се создава една компактен видео запис и сведоштво.
  4. Aпликација кој всушност претставува мапа на приказни
  5. Страна која  овозможува транскрпиција на сведоштва
  6. Tелеграмски автоматизиран бот за волонтерски активности  

Сите овие производи се развиени и изградени за време на самиот хакатон. Има неколку прoизводи кои не се активни, но овие кои токму сега ги спомнав се активни и можам да ви кажам дека сите членови на Заеднички храбри се исклучително горди на нив.

Кој се може да се приклучи на една од вашите херојски заедници и колку вакви заедници има досега? Што можете да издвоите како посебен резултат на една од заедниците?

Секој кој сака може да се приклучи и токму затоа е вклучен елементот на волонтирање. Можете да учествувате еднаш на три недели активно во било која од заедниците. Досега во последните три месеци се креирани 9 заедници а членството  се зголемува.  Убавината на херојските заедници е тоа што ги зајакнуваат и волонтерите и хероите. Сите се стремиме да направиме нешто добро, обично времето т.е. недостигот на време  е тоа што не спречува. Врската што се формира помеѓу луѓето во склоп на овие заедници се продлабочува со текот на времето и е од полза  за сите вклучувајки ги и самите заедници. Пораката која ја вбризгавме во самиот волонтерски процес е херојската одлука да се изборите за живот, па така во склоп на нашите заедници луѓето не волонтираат туку и воедно ја спроведуваат пораката на херојство кој е порвзана со оптимизам, со активизам и со солидарност. Го потсетуваме светот дека имаме можност и капацитет да надминеме нешто мрачно и болно.

Она што би сакал да го истакнам е тоа што сите активности се спроведуваат на волонтерска база и воедно целата организација се  раководи волонтерски. Ние самите ја финансираме иницијативта и досега можам да ви кажам дека ниту една личност не е платена за она што го има сработено или пак реализирано во склоп на самата иницијатива. Причината поради која ја спореведуваме иницијативата не е зашто можиме финансиски да си дозволиме туку затоа што навистина сакаме да воспоставиме пример кој ќе ги слави овие херои кои успеаја да надминат и преживеат мрачни и неизмерно тешки моменти и ќе служат како поттикнувачка порака која ќе не охрабрува сите нас додека се справуваме со  проблемите на денешницата.

Сподели!
- Advertisement -