Во ПРЕДА плус Фондација започна стартот со 4-тата генерација од програмата •И ОД БИТОЛА СЕ МОЖЕ(И)• во рамките на проектот БИТОЛА СТАРТ-АП ЦЕНТАР.
Со ова стартува и релизацијата на двомесечна програма намената да поддржува иновативни идеи во рана развојна фаза.
“Преку онлајн апликацијата добивме вкупно 46 бизнис идеи. Комисијата за евалуација на пристигнатите идеи, ги избра најдобрите 25, кои ќе бидат вклучени во програмата, следејќи неколку основни критериуми: иновативност, профитабилност и изводливост на аплицираните бизнис идеи. Стартап програмата во период од 2 месеци ќе понуди менторски услуги за креирање на бизнис модели; тренинзи од еминентни професионалци од македонскиот стартап екосистем за водење на бизнис; можност за вмрежување со бизнис заедницата; презентација на бизнис идеите пред потенцијални инвеститори и финсиска поддршка за најуспешните бизнис идеи. Вкупната вредност на финансиската поддршка што ќе биде распределена на најдобрите бизниси во оваа грантова шема изнесува 740.000 денари”- истакна Лидија Ангелова- проектна координаторка на Преда Плус.
На настанот говореа менторите на програмата, доц. д-р Рената Петревска Нечкоска, универзитетска професорка и постдокторантка на Универзитетот Гент, Љупчо Груевски, директор на ПРО ГРУПА, претприемач и ИТ експерт, Гого Рафајловски, директор на SEEU TechPark, IP консултант и Љубица Ангелкова, PR експертка и консултант за маркетинг.
На првата сесија се претставија и сите избрани бизнис идеи, кои се дел од програмата.
Битола Стартап Центар е дел од Локално партнерство за вработување (ЛПВ) Битола е финансирано преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.
Фотографка| Ивона Кочов