Научници по прв пат успеаја да одгледаат ембрион во вештачка матка

- Advertisement -

Научници по прв пат успеаја да идгледаат ембрион на цицач надвор од матка. Во студијата објавена во списанието Nature тим од истражувачи од Институтот на науки Вајсман во Израел вели дека шест дена успешно одгледувале повеќе од 1.000 ембриони на глушец користејќи постапка која вклучува механички уред. Во првиот дел од експериментот тимот ги отстранил ембрионите од телото на мајките после пет дена. Д-р Џејкоб Хана, еден од истражувачите на проектот, вели дека неговиот тим успеал да ги земе ембрионите од женките после оплодувањето и да ги одгледува до 11-тиот ден во вештачка, механичка матка. Ембрионите одгледани во лабораторија биле идентични со ембрионите одгледани во телото на мајките.

Тимот поминал седум години правејќи машина која го овозможила тоа истражување. Тоа е дводелен систем кој се состои од инкубатори и вентилациски систем. Секој од ембрионите плови во шише наполнето со посебна течност преполна со хранливи состојки, како што можете да видите од видеото во прилог.

- Advertisement -

Тркало нежно ги врти глувците за да не се прицвртат за ѕидот на својот привремен дом. Тоа спречува ембрионите да се деформираат и после тоа да умрат. Во меѓувреме, прицврстениот вентилатор на глувците им овозможува кислород, а истовремено го одржува протокот и притисокот во нивната околина.

При нормална бременост потребни се околу 20 часа за ембрионот да се развие до таа мера што може да преживее надвор од матката. Досега со механичката матка која ја создадоа д-р Хана и неговиот тим можеле да ги одржуваат глувците живи 11 дена. После тоа глувците умреле затоа што ембрионите станале преголеми за да преживеат само на хранливи состојки кои ја апсорбираат дифузијата. Потребна им е крв, а тоа е следниот технички предизвик кој тимот планира да го реши. Едно потенцијално решение вклучува вештачко снабдување со крв која може да се поврзе со постелките на глувците.

- Advertisement -

Д-р Хана вели дека не создале уред кој ќе го поремети природниот поредок на природата. Наместо тоа, тие ја користат својата постапла за проучување како фактите од типот на генетските мутации и условите во околината може да влијаат на растот на фетусот додека е во матката.

Сличен уред еден ден можеби ќе им овозможи на научнциите на ист начин да одгледуваат деца, но ако воопшто е возможно, за тоа ќе треба да поминат години или децении.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -