Велешката компанија „Брако“ денеска во кругот на фабриката ќе го презентира првото возило на водороден погон во Европа, нов модел целосно развиен и произведен во земјава, под брендот „Грин машинс“, којшто е дел од компанијата „Брако“.
Покрај тоа, компанијата ќе го презентира и новиот погон, во којшто се вложени осум милиони евра.
На промоцијата најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев, како и на Кочо Анѓушев, сопственик и претседател на бордот на директори на „Брако“.
На настанот ќе бидат присутни и вицепремиерите за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, како и министрите за економија Крешник Бектеши и за локална самоуправа Горан Милевски.