Нов Зеланд е првата земја во светот која дава платено отсуство после спонтан абортус

- Advertisement -

Парламентот на Нов Зеланд едногласно го усвои законот кој на паровите кои ќе доживеат спонтан абортус или ќе имаат мртвороденче ќе им даде три дена платено отсуство.

Работодавците на Нов Зеланд, како и во некои други земји, веќе имаат обврска да обезбедат платено отсуство во случај на мртво родено дете или кога бременоста ќе се прекине после 20 или повеќе недели. Новиот закон ја гарантира оваа бенефиција на секој кој во кој било момент ќе ја изгуби бременоста.

- Advertisement -

Знам дека жените ќе бидат посамоуверени ако знаат дека можат да побараат такво отсуство ако е потребно, а не храбро да продолжат со животот кога им треба време за физички и ментално да се справат со тоа“ вели Џини Андерсен, пратеник на лабуристите, која го состави законот.

Андерсен додава дека никаде во светот не нашла закон сличен на овој и можеби се првата земја која го дозволува тоа. Таа вели дека новиот закон не се однесува на своеволниот абортус. Минатата година Нов Зеланд дозволи жените до 20. недела од бременсота да одлучат што ќе прават со бебето.

- Advertisement -

Во Австралија право на платено отсуство имаат жените кои ќе го изгубат фетусот после 12 недели, додека во Велика Британија идните родители кои ќе доживеат спонтан абортус после 24. недела имаат право на платено отсуство. Во САД, пак, законот не бара од работодавците да им овозможат платено отсуство на сите кои ќе доживеат спонтат абортус.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pixy.org)

Сподели!
- Advertisement -