Компанијата Toyota во Јапонија гради футуристички паметен град кој ќе биде своевидна лаборатоирја за тестирање на нови технологии. Во градот ќе се тестираат беспилотни автомобили и роботи, а ќе се користи енергија добиена од водород и соларна енергија.
Ќе има три вида улици – едни само за пешаци, други за велосипедисти и ромобили, а трети за беспилотни автомобили. Роботизирани, автономни уреди ќе се користат за доставување роба. Градбите ќе бидат направени од дрво за да се намали емисијата на јаглерод диоксид.
Со сензори ќе се надлгедува здравјето на жителите, а роботи ќе се користат за секојдневните активности. Овој град ќе никне во близина на Токио, на местото каде што имало стара фабрика. Меѓу првите 360 жители ќе бидат и семејствата и инвеститорите во наредните пет години. Планот е таму да живеат 2.000 луѓе, објавија од Светскиот економски форум.
(World Economic Forum)
(фото: )