Првата турска актерка која е робот ќе снима филм

- Advertisement -

Првата турска робот-актерка потпиша договор за снимање филм со продуцентот и режисер Бирол Ѓувен. Според изјавата од MinT Production, роботот Ајпера ќе има улога во новиот филм на Ѓувен, „Дигитален човек“ (“Digital Human”), кој треба да ги обедини роботите и луѓето. Филмот ќе биде претставен во 2022 година.

Ѓувен истакна дека снимањето на филмот ќе почне во септември годинава и дека со оглед ан тоа колку брзо се менува светот денес, роботите ќе станат неизбежен дел од филмската индустрија. Тој додаде дека сака да биде пионерот кој ќе ја донесе таа промена во филмската индустрија и дека во иднина ќе има и роботи продуценти и сценаристи.

- Advertisement -

Роботот-актерка Ајпера изјави дека е многу возбудена што потпишала договор. Во однос на концептот роботи-актери, Ајпера вели дека лично преферира да ја нарекуваат дигитална актерка, но немља проблем и со тоа да ја нарекуваат робот.

Ајпера ќе се сретне со сите љубопитни луѓе во рамките на настанот Plugin New Media Section во склоп на саемот Contemporary Istanbul 2021. Ајпера ја создадоа дизајнерот и инструктор Багер Акбај, писателот на научна фантастика Тефик Ујар и компјутерскиот инженер Зејнеп Нал Сезер.

- Advertisement -

(Daily Sabah)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -