Централната банка на Шведска планира да ја тестира употребата на дигитална валута е-куна во реалниот свет, а во тој проект ќе бидат вклучени и комерцијалните банки. Централните банки ширум светот планираат да лансираат дигитални национални валути како одговор на намалената употреба на готовината и како начин за забрзување на меѓународното плаќање.
Досега пилот-проектот е-круна е симулиран само во Рилксбанка, а во наредната фаза проектот ќе се прошири и ќе вклучува учесници како комерцијални банки, соопшти централната банка.
Технологијата нуди нови можности, но не е испробана кога станува збор за обработката на плаќањето на мало и со потребното ниво на безбедност, велат од Рилксбанка. Пилот-проектот ќе трае една година со цел тестирање на можните начини за јавно користење на е-круна во Шведска.
Рилксбанка уште не може да потврди кои банки или пружатели на услуги од платниот промет ќе помогнат во следната фаза од тестирањето, но целта е да се процени како може да се користи е-круната за големи и за мали комерцијални плаќања.
Истражувањето кое во јануари го спроведе Банката за меѓународни спогодби покажа дека централните банки кои покриваат една петтина од светската популација веројатно ќе почнат да издаваат сопствени дигитални валути во наредните три години. Многу централни банки ја гледаат CBDC како средство за спречување на конкуренцијата меѓу криптовалутите и задржувањето на главната улога на јавните власти во платежниот систем.
(tportal.hr)
(фото: Piqsels)