Македонска компанија со иновативна технологија ги дигитализира богатствата од музеите, црквите и археолошките локалитети!

- Advertisement -

Светски тренд, особено изразен со ковид пандемијата и ограничените мерки за патување и движење, е дигитализација на културата и уметноста. Компанијата Vr-port од Македонија применува најсовремени технологии за дигитализација и веќе има успешни проекти за дигитализација на домашни културни објекти и културно наследство.
За она што во нашата земја е достапно во дигитална форма и кои се светските трендови во дигитализацијата разговаравме со Пенелопа Пешкова Стаматовска, визуелен дизајнер и проект менаџер во компанијата VR-Port.

Разговараше- Верица Јорданова

- Advertisement -

Како започна се?

Како компанија започнавме со дигитализација во секаков вид на индустрија, но од 2017 година како што растеше оваа технологија во Европа и САД за примена во културата и архитектурата решивме да го испробаме тоа и кај нас.

- Advertisement -

Со интезивно барање на дозволи и презентација на оваа технологија како алатка која е во голем и брз подем, започнавме првично со таргетирање на музеите со што им нудевме дигитални портфолиа за нивните поставки и организации на просторот со кој располагаат. Единствен начин до тогаш за нивна промоција беа летоците и фотографиите, видеата, па секоја поставка без разлика на нејзината важност и големина најчесто останува заборавена и не документирана. Овој начин на дигитализација е траен и резултира со многу олеснувања.

По соработката со музеите решивме да продолжиме понатака и да пробаме со имплементација на неколку проекти кои претежно ги работевме како пилот проекти со цел да се пробие и усвои оваа идеја. Нашите технологии ги понудивме и пробивме исто така и во истражување на археолошките ископнини и локалитети што се покажа како доста успешен пристап на истражување и документирање.

- Advertisement -

Креиравме и пилот проект, со голема помош и поддршка од Фондот за иновации и Технолошки развој и Општина Кавадарци преку одобрување на активниот проект ја зголемивме нашата база на технологија и набавивме нови софтвери и скенери. Проектот е наменет за  дигитализација на целото културно наследство на територија на Тиквешкиот регион каде опфативме дигитализација на преку 100 црковни објекти, паркови и сите музеи кои се на таа територија. Истиот започнавме непосредно да го работиме во 2019та година, неколку месеци пред да започне пандемијата, и со целата почит кон истата тој доби и доста поголема вредност сега кога стандардите за патување, истражување и теренски посети почнуваат да се прилагодуваат на новите Ковид мерки.

Истиот се состои од креирање на виртуелен музеј на територијата на Tиквешкиот регион преку панорамско дронско мапирање и креирање на 3Д модели со детален опис на сите клучни региони каде се лоцирани бројни религиозни, културни и туристички објекти. Панорамско дронско мапирање претставува внесување на точки на интерес на панорамска дронска слика на одреден простор. Во тие точки може се внесуваат детални информации за местото на интерес во формат на фотографии, 360 панорамски фотографии, 3D виртуелен модел, видео, текст и др. Пристап до виртуелниот музеј ќе биде обезбеден преку дигитална платформа достапна од десктоп компјутер, лаптоп или мобилен. Дополнително ќе може да се пристапи до музејот и со користење на ВР очила со што посетителот добива чуство како да се наоѓа на самата физичка локациија. Како позадинска и доста обемна страна на проектот е тоа што до техничките цртежи и модели се збогатува Архивот, општината и стручните лица кои понатаму би работеле во делот на документација, конзервација или реставрација на објектите од овој региот со што би им се олесниле доста процеси и би се заштедиле многу ресурси (човечки, временски и парични).

Во прилог би набројала неколку проекти со кои се гордееме и ве повикуваме да ги истражите:

  • МУЗЕИ ВО МАКЕДОНИЈА

– Музеј на современа уметност / поставка “Скопје, одново“

– Археолошкиот музеј на С.Македонија / поставка “100 години Требениште”

– Тумба од неолитот Пелагонија / Археолошкиот локалитет Врбјанска Чука

– Национална галерија на Македонија – ДАУТ ПАШИН АМАМ / поставка 70 години од постоење

– Музеј на С.Македонија / поставка Духовите на Африка

Како всушност влеговте во оваа приказна и каков досега е интересот на посетителите во македонските вуртуелни музеи и културни објекти?

Македонија има огромно културно наследство, но слаба промоција на истото во светот па дури и кај сопствените граѓани. Детектиравме доста проблеми во делот на промотивните кампањи на странските медиуми кои се исклучително скапи активности, но ниско ефективни од неколку причини меѓу кои е и менувањето на навиките во консумација на медиуми (се напуштаат традиционалните медиуми и се повеќе се консумираат дигиталните медиуми). Исто така собирањето на сите податоци за културното наследство чини многу, а истовремено и фактите не се доволно привлечни доколку не се пружи ново и уникатно корисничко искуство.

Во скоро една година истражување на позицијата на нашата земја на ова прашање заклучивме дека недостатокот на информации резултира во ниска свест за културното наследство и музејското творештво, отежната едукација за клучни културни и историски објекти и локации, како и не ефективна промоција на истите. Овие причини допринесуваат до неискористен туристички потенцијал и отежнато воспоставување на регионални и меѓународни соработки, како и интерни релации за задржување на идентитетот лично помеѓу населението.

Каков е интересот на институциите од областа на културата да ја дигитализираат својата понуда? 

Со нашиот пробив преку проектите кои ги работевме изминативе неколку години очекуваме и се надеваме на поголема конкуренција која е секогаш здрава во ваков тип на , посебно во брзиот подем на технологите и софтверите, кои ќе се н кон истражувачка акција на што се можат да олеснат и понудат предностите на брзиот раст на овие професии. Сметам дека во нашата земја има многу бирократски препреки и скептични размислувања за подемот на технологиите и нивната примена во тековната работа. Засега интересот е голем, но тешко  и бавно остварлив.

Од една страна имате врвна технологија, од друга страна публика која допрва се прилагодува кон новите формати на консумација на информации од областа на културата и уметноста. Кои се клучните предизвиди со кои се соочувате како креатори на ваква содржина?

Искрено од ден за ден се повеќе се надеваме дека ќе се променат оние традиционални начини на функционирање и самите институции ке започнат да размислуваат дека веќе како земја сме премногу назад со документацијата и собирање на податоци за наследството како и дигитализирање на се она што е пишан нацрт материјал. Поради развлечениот временски тек и оние процеси на истражување, се губат многу потенцијални податоци и остануваат по папки на полици за кои веќе и стручните лица губат интерес.

Работата на вакви проекти опфаќа повеќе прашања и работи концентрирани на едно поле. Нашиот тим се состои од ИТ, машински и архитект инженер со што сакам да напоменам дека за да се изведе еден ваков проект потребни се склоп вештини сталожени на едно место. Почнувајки од техничката позадина на овие проекти, средување на технички цртежи, нивно векторизирање и нивна разработка, процесирање, рендерирање, cloud системи, прилагодување на desktop платформи па се до маркетинг платформи, фотогравски материјали, анализи на пазар, анализи на пристап и статистики за упростување на пристапот до овие платформи: сите овие дејности го разложуваат интересот и предизвикот да се навлезе во една ваква комбинирана работна професија.

Со оглед на тоа дека работите и на голем број проекти ширум светот, може ли да ни кажете кои се светските трендови и како во иднина модерната технологија ќе влијае на доближување на културата со што повеќе луѓе?

Нашата компанија има и партнер компанија 360go.de во Германија која во ист период започна да се пробива во културата и културното наследство. Гордост ни е што Македонец е дел од ист тип на компанија во областа на Визуелизација, VR и АР, која работи на територија на Германија, Европа и неколку проекти во Африка (Јужна Африка, Танзанија и Кенија). Проекти кои би сакале да ги истакнеме се дигитализација на објекти  како Bonnen Muenster (најголемата катедрала во Бон, Германија), Alte Rathaus (Историска зграда на градската управа во Бон, Германија), затворот на Нелсон Мандела во Јужна Африка, Музеј куќата на Нелсон Мандела во Јоханесбург и така натака.

Во најново време, развојот на VR технологијата, начинот на нејзиното користење и културата на потрошувачите создадоа услови за нејзина примена во областа на културата и туризмот. Во светот голем број на музеи веќе креираат виртуалени 3Д дигитализации на дел од своите колекции, меѓу кои и Лувр во Париз. Во САД пак овие скенер, BIM и Point Cloud технологии се користат за припреми за градби, мерења, анализи, реставрации и реновирања и навлезени се длабоко во процедурите и протоколите кои законски мораат да се исполнат и да се користат како редовна опрема.

Инспирирани од ваквите примери во комбинација со нашето досегашното искуството дојдовме до овие идеи, и понатаму ќе настојуваме да влијаеме и се доближиме со секој корисник од стручен до општо заинтересиран. 

Линк до интервјуто за Vr-port за емисијата „Агенда 35“ на Македонската Телевизија

Сподели!
- Advertisement -