Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,76 % во однос на Одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 07.04.2021 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.04.2021 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за изменување на одлуката од 07.04.2021 година .
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,513 ден/кг и сега ќе изнесува 34,266 ден/кг.
Од 13.4.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 67,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 58,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 57,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,266 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 1,044%, кај дизелот за 0,121%, кај екстра лесното масло за 0,031 % и кај мазутот намалувањето е за 1,2 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,678%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.4.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија и неколку земји од ЕУ (https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 5.4.2021), се дадени во следната табела:
Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95 (цените во ЕУ земјите се од 05 април 2021)
Еуродизел (ЕУР) | ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР) | |
С. Македонија | 0,942 | 1,088 |
Австрија | 1,167 | 1,214 |
Бугарија | 1,076 | 1,081 |
Хрватска | 1,298 | 1,369 |
Германија | 1,308 | 1,513 |
Грција | 1,322 | 1,600 |
Италија | 1,440 | 1,575 |
Унгарија | 1,206 | 1,186 |
Словенија | 1,206 | 1,184 |