Овој робот ги дезинфицира швајцарските авиони за само 13 минути

- Advertisement -

Овој робот ги одржува швајцарските авиони чисти и ги дезинфицира од корона вирусот. Роботот користи УВ светла поставени на посебна рамка, па кога ќе се движи помеѓу редовите седишта тие светла ги дезинфицираат сите седишта одеднаш.

УВ светлината ги убива сите вируси и бактерии. Еден робот може да дезинфицира цел авион за само 13 минути. Кога авионот е празен роботот работи автономно, без интеракција од човек.

- Advertisement -

Пандемијата на корона вирусот најлошо ја погоди авиоиндустријата, каде што бројот на патници минатата година падна за над 60%. КОВИД-19 ја чини авиоиндустријата повеќе од 370 милијарди долари и доведе во опасност 46 милиони работни места.

Во моментот најбитно е да се убедат луѓето дека е безбедно да се лета со авион. 44% од луѓето велат дека се плашат оти ќе се заразат со КОВИД-19 во авион, но некои истражувања покажуваат дека ризикот тоа да се случи е многу мал благодарение на системите за вентилација и протоколите за безбедност кои се следат. Така, поголема е веројатноста да се заразите со корона вирусот додека пазарувате отколку додека летате со авион.

- Advertisement -

Иновациите како овој робот ќе ги убедат луѓето да патуваат со авион и ќе заживее авиоиндустријата. Роботот е дело на швајцарскиот стартап UVeya, а се тестира со помош на компанијата со седиште во Дубаи, Dnata во авионите Embraer на авиокомпанијата Helvetic Airways во сопственост на швајцарскиот милијардер Мартин Ебнер.

(World Economic Forum)

- Advertisement -

(фото: Vimeo screenshot)

Сподели!
- Advertisement -